Македонската полиција наградена за успешно сузбивање компјутерски криминал

Македонската полиција  доби награда за најуспешно реализирана акција за сузбивање компјутерски криминал. Секторот за компјутерски криминалитет и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија заедно со нивните колеги од Србија се добитници на првата награда за најуспешно реализирана акција за разбивање меѓународна криминална група што вршела нелегална терминација на меѓународен во национален телефонски сообраќај.

 |  Биљана Николоска  | 
logo

Акцијата на МВР Македонија и Србија која ја разбија криминалната група, во која биле и 10 лица од Република Македонија,  на почетокот од 2013 година, набавиле и бесправно користеле телекомуникациски уреди за терминација на телефонски повици. Уредите преку интернет мрежата ги поврзале со мрежата на странски мобилни оператори  преку  SIM картички и остварувале интернационален сообраќај по цена од локален телефонски сообраќај. Со тоа, извршиле директна финансиска загуба на оштетените мобилни оператори, стекнувајќи се само од мобилните оператори во Република Македонија со противправна имотна корист од  506.312 евра. Маријан Стоилков, началникот на секторот за компјутерски кримнинал и дигитална форензика при МВР, истакна дека на компјутерскиот криминал не треба да се гледа како на предмет на обработка на полицијата, туку како одговорност на секој релевантен капацитет во државава.

„Со имање на ефикасен пристап во идентификација и справување на истраги од кривични дела од областа на компјутерскито криминал, директно се допринесува за компјутерската безбедност во сите сфери на опшеството. Доста сме горди на наградата и ни дава потврда дека се движивме во вистински правец и треба да работиме понатаму“.– Маријан Стоилков – началник на Сек. за компјутерски криминал и дигителна форензика при МВР.

Неговиот колега, началникот на Одделението за борба против високотехнолошкиот криминал на српското МВР Саша Живановиќ, истакна дека компјутерскито криминал не препознава граници, но навремената соработка и реакцијата на полициите од регионот преку SELEC – центарот ја негира таа премиса.

„Високотехнолошкиот криминал и во Македонија и Србија има тенденција на пораст. Како што се зголемува бројот на нови услуги и сервиси преку Интернет така се зголемуваат и појавите на обиди за злоупотреба. Тоа  може да се каже дека е сигнал за потребите од соработка на службите и размена на информацвии. Оваа наша заедничка акција што туку ја оправда целта“- вели Саша Живановиќ – началник на Одделение за борба против високотехнолошки криминал при МВР Србија.

Инаку денес во Охрид отпочна со работа дводневната регионална конференција на 12-те земји од Југоисточна Европа-членки на SELEC.  Учесниците на конференцијата имаа со мултидисциплинарен пристап во размена на искуствата и трендовите од областа на комјутерскиот криминалитет и дигиталната форензика. Учесници, покрај претставници на Министерствата за внатрешни работи од земјите членки на SELEC се и претставници на банки, мобилни оператори и други претставници на релевантни институции од земјите членки.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top