Oдбележан 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Празникот се празнува по повод формирањето на македонската револуционерна организација во Солун.

 |  Крсте Голабоски  | 
23-okt
23-okt

Свечено одбележан 23 –октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Празникот се празнува по повод формирањето на македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.

spomenik Групата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.
Годинава централната прослава на Денот на македонската револуционерна борба, се одржа во Македонската опера и балет, на која  се обрати претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Беше врачена државната награда „23 Октомври“ за 2011 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Република Македонија. Добитници на оваа награда годинава се професорот д-р Томе Неновски, писателот Паскал Гилевски и ликовниот уметник Коле Манев.

spomenik BraniteliВо чест на празникот во паркот „Жена-борец“ во Скопје свечено беше откриен централен Споменик на сите загинати бранители на Македонија во конфликтот во  2001 година.
Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top