Ознака: кадар

kelner

Каде е стручниот кадар во туризмот

Post Views: 2 Во охридските угостителски и хотелски објекти нема доволно стручен кадар. Иако во градов постои средно стручно образование како и високо образование за жал се помалку стручен кадар кој доаѓа од овие образовни институции може да се сретне во угостителските па и хотелските објекти низ градов. Менаџерите на дел од кафулињата кои не сакаа да коментираат пред нашата камера кажаа дека едвај 30% од кадарот има стручна школа. Љупчо Патче познат охридски угостител вели дека овој проблем е присутен и во поголем дел од угостителските објекти во градов. Тој додаде дека девојките...

Continue reading

ftu

Работодавците и работниците на едно место

Post Views: 0 Работодавците и работниците на едно место. ФТУ организира денови на кариера  на кои ќе земат учество повеќе компании кои ќе се престават на свои штандови поставени во факултетот и каде ќе ги промовираат работните места кои им се непополнети а се од областа на струките кои  се едуцираат на ФТУ. Во комуникација со хотелиерите и ресторатерите заклучивме дека има недостаток на готвачи посебно на искусни кои ќе можат да се снајдат и со класичната кујна но и со другите видови на кујни. Гастрономијата во светот се повеќе добива на цена и всушност имиџот на еден добар ресторан...

Continue reading

kuvar

Ќе се подобрува гастрономската понуда во градов

Post Views: 1 Влатко Огненовски, готвач со големо искуство зад себе кој занаетот го печел во Сиена, Прага, Париз, Њу Јорк, Порторико, Барбадос, Мексико, Бермудските острови, Хавана, Лаос, Камбоџа, Тајланд, Косово, Црна Гора, ќе ја осовременува македонската национална кујна. Тој заедно со својот тим ќе креира модерна македонска кујна од поднебјето на Охрид. Тој вели дека доколку сакаме да развиваме туризам во градов мора да ја подобриме гастрономската понуда. Објаснува дека во моментов мениата кои им се нудат на гостите се преобемни, но без никаква креативност во јадењата кои се подготвуваат. Очекуваме...

Continue reading

JZU

На операција во Струга

Post Views: 44 Охридски пациенти се почесто го посетуваат одделението за хирургија во Струга. Само минатата година на ова одделение во Струга биле извршени 150 класични оперативни интервенции врз пациенти од Охрид. Ваквата појава е уште поалармантна годинава, кога за само три месеци веќе 50 пациенти од Охрид се третирани во Струга. Ова се реални податоци кои ни ги даде првиот човек на Општа болница Струга, Ментор Ибраими. Ибраими вели „досега ниту еден пациент кој се обратил кај нас не е вратен. Она што остава впечаток кај пациентите е одговорноста, довербата и квалитетно понудената...

Continue reading

posta

Охридската пошта кубури со кадар

Post Views: 7 Охридската пошта кубури со поштари и шалтерски работници. Дека има потреба од нови вработувања потврдува и директорот на Македонска пошта подружница Охрид, Сејфула Хани. Во моментов околу 20 работни места се празни и потребно е нивно потполнување. Првиот човек на охридската подружница  додава дека прават напори за брзо време да се надмине овој горлив проблем и веќе од Министерството за финансии чекаат согласност за нови вработувања. „Според законот имаме монопол за поштенски услуги,  посебно за работата што ја вршат поштарите за доставувањето и мислам дека тука имаме...

Continue reading

dom

Центарот за депресија во Охрид засега e само идеја.

Post Views: 4 Проектот за формирање на центар за депресија засега е само на ниво на идеја. Првите луѓе на Здравствен дом Охрид, д-р Митко Дабески и д-р Љубен Арнаудов, од Општа болница, велат дека до нивните институции непристигнале никакви конкретни инструкции од ресорното министерство.Д-р Дабески од Здравствен дом за ТВМ со кус коментар дека нивната установа може да обезбеди само просторија во Маларична,  но не и специјализиран кадар. Нивната установа нема психијатар. Во  Општа болница пак, подолго време се соочуваат со дефицит на ваков стручен кадар. Иако од ресорното министерство...

Continue reading

asp

Бакрачески во посета на компанијата АСП-ПАК

Post Views: 9 Градоначалникот Никола Бакрачески продолжува со своите посети на охридските стопански капацитети. Денес тој беше во АСП фабриката за производство на вреќи каде се запозна со производствениот процес како и со проблемите со кои тие секојдневно се соочуваат. Цел на Локалната Самоуправа е преку соработка, во рамки на своите ингеренции да им помогне на производствените капацитети во развојните стратегии, нагласи Бакрачески. Додаде дека еден од проблемите со кој се соочуваат компаниите е недостаток на квалификуван работен кадар и точно во тој дел ќе се одвива нивната соработка. „Ние...

Continue reading

kafe

Перфектно италјанско еспресо со вкус на лешник и на печено лепче

Post Views: 2 Во Охрид од неодамна може да се пие перфектно италјанско еспресо какво што се подготвува во светот. Дваесетина баристи од регионов четири дена беа на специјални обуки во кафе академијата во Скопје и здружението на баристи  за да ги научат тајните на овој занает. Подготвувањето на кафе и неговото служење преставува цела наука и овај топол напиток без кој многумина не можат да го започнат денот треба да биде подготвен до перфекција. Душко Петровски, еден од баристите кој ги посетувал овие обуки, а кој денес во кафе терасата „Аквариус“ доби и сертификат за тоа, вели дека...

Continue reading

јадење

Професијата готвач кај нас не е доволно ценета професија

Post Views: 3 Младите се помалку ја избираат како свое занимање професијата готвач и не ја ценат доволно. Повеќето од нив  не се однесуваат сериозно кон професијата иако  ја избрале да ја изучуваат. Тоа не е  случај со средношколците  Џемил Јакупоски од Дебар и охриѓанецот Илјаз Ибраими, кои се дел од угостителското училиште,  во трета година на смерот готварство во Ванчо Питошески.  Тие ги откриваат своите  причини за изборот готвач. Велат интересна им е професијата, сакаат да ракуваат со храна и  сакаат понатка да се реализираат во неа. „ Говењето за мене е иднина, пробав да готвам...

Continue reading

it obuki

Македонија со дефицит на ИТ кадри

Post Views: 8 Бесплатните обуки кои се организираат за невработени лица имаат за цел да се зголеми бројот на лицата кој имаат познавање во овој сектор, бидејќи македонскиот пазар се соочува со дефицит на ИТ кадри. „Проектот е за доедуцирање на невработените кадри со цел да се запознаат со најсовремени технологии и да се вклопат во приватниот сектор за развој на информатичкото општество поради тоа што во приватниот сектор има најголем дефицитарен кадар од овој вид“, рече Иво Ивановски, министер за информатичко општество. Тој додаде дека сертификатот на запад се вреднува исто како и...

Continue reading

knigi

Основците од прво до трето одделениe ги добија новите учебници според програмата од Кембриџ

Post Views: 1 Основците од прво до трето одделение ќе учат по програма како онаа на Кембриџ. Дечињата веќе ги добија новите учебници а први ги разгледаа родителите. И имаа што да видат. По математика првачињата нема да ги учат само броевите од 1 до 10, туку ќе бројат до 100 и назад, а ќе читаат и пишуваат од 0 до 20. Во второ и трето одделение математиката уште поамбициозна, делење со остаток, равенки со една непозната со двоцифрени броеви, броење со прогресија и тн. Во предметот „природни науки“ учениците уште на оваа возраст ќе се запознаваат со основните поими во физиката, хемијата...

Continue reading

kafule

Угостителите и оваа сезона мака мачат со вработување на келнери и кувари од Охрид

Post Views: 2 Охридските угостителски објекти мака мачат со вработување на образовани келнери и готвачи од градов. Години наназад повеќето од нив практикуваат ангажирање на угостителски кадар од другите градови посебно од источниот дел на земјава. Овој проблем го потвруваат и од Агенцијата за вработување од Охрид. Од нивната евиденција се гледа дека од 4 196 лица кои бараат активно работа и околу 3500 пасивно , околу 300 се келнери, кувари и угостителски техничари. На спискот кои бараат работа има 90 келнери и дури 170 готвачи. Додека 20 -тина лица се угостителски техничари и хотелиери....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top