Бакрачески во посета на компанијата АСП-ПАК

Градоначалникот на Охрид во посета на АСП компанијата за производство на вреќи. Општина Охрид ќе ги поддржува стопанските капацитети во иницијативите за проширување на производствените капацитети. Исто така ќе воспостават соработка со компаниите во едукација и квалификација на кадарот кој им е потребен. Градоначалникот Бакрачески смета дека тоа им е потребно на охридските компании бидејќи на градот ќе му донесат позитивен бенефит.

 |  Николоска Биљана  | 
asp
асп

aspГрадоначалникот Никола Бакрачески продолжува со своите посети на охридските стопански капацитети. Денес тој беше во АСП фабриката за производство на вреќи каде се запозна со производствениот процес како и со проблемите со кои тие секојдневно се соочуваат. Цел на Локалната Самоуправа е преку соработка, во рамки на своите ингеренции да им помогне на производствените капацитети во развојните стратегии, нагласи Бакрачески. Додаде дека еден од проблемите со кој се соочуваат компаниите е недостаток на квалификуван работен кадар и точно во тој дел ќе се одвива нивната соработка.

„Ние заднички со Работничкиот универзитет од Охрид заедно со менаџерските тимови и неколку компании ќе се договориме во иднина да изградиме систем во кој што ние можеме да ја вршиме таа доквалификација или доедукација на кадаротг се со цел да создадеме квалификувани кадри кои што ќе можат веднаш да се вклучат во нормалниот процес на работа на разни компании во Охрид и она што уште еднаш ќе напоменам, од самиот почеток на добивање на мандадот во оваа Локална самоупрва го правиме ние, е обезбедување на услови за изградба на индустриска зона во Мауцхер локалитетот“ – изјави Бакрачески.

aspСопственикот на АСП,  Петар Спасески потенцира дека перспективата на нивната компанија ја гледаат во развој на производството и проширување на пласманот на европските пазари. Спасески не крие дека постојано се соочуваат со дефицит на кадар на сите нивоа, но верува дека со помош на Локалната самоуправа на Охрид ќе дојдат до потребниот кадар.

„Се надевам дека од разговориве за брзо време ќе имаме и некј резултати кои ќе бидат пример за соработка на една Локлана самоуправа и една производна компанија како нашата. Ние постоиме 15 години, од пред 15 години фирмата бележи перманентен раст секоја година за околу 20-30% од постоечкото производатво. Наш предизвик се европските пазари“ – вели Спасески.

АСП претставува извозно ориентирана компанија која што 97% од своето производство го извезува во странство, главно во земјите од Западна Европа и Азија. АСП компанијата во моментов има 236 вработени и претставува една од двете најголеми компании за ваков тип на производство во Европа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top