• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Основците од прво до трето одделениe ги добија новите учебници според програмата од Кембриџ

Основците од прво до трето одделениe ги добија новите учебници според програмата од Кембриџ

Основците од прво до трето одделение ќе учат по програма како онаа на Кембриџ.Родителите кои го разгледале материјалот кој треба да го совладаат нивните 7 и 8 годишни деца видно загрижени. Материјалот по математика и природни науки е преамбициозен, сметаат дел од нив. Наставниците свесни за тежината на работата што ги очекува. Директорите пак, оптимисти дека оваа реформа ќе се покаже како успешна.

 |  Јаковлева Лионела  | 
knigi
книги

Основците од прво до трето одделение ќе учат по програма како онаа на Кембриџ. Дечињата веќе ги добија новите учебници а први ги разгледаа родителите. И имаа што да видат. По математика првачињата нема да ги учат само броевите од 1 до 10, туку ќе бројат до 100 и назад, а ќе читаат и пишуваат од 0 до 20. Во второ и трето одделение математиката уште поамбициозна, делење со остаток, равенки со една непозната со двоцифрени броеви, броење со прогресија и тн. Во предметот „природни науки“ учениците уште на оваа возраст ќе се запознаваат со основните поими во физиката, хемијата и биологијата.  Родителите загрижени, а наставниците свесни за тежината на работата што го очекува. Тие велат дека цело лето посетувале обуки со цел да можат соодветно да предаваат по новите наставни програми. Проблем преставуваат и нагледните средства кои секое училиште треба да ги набави, а кои се дел од оваа програма. книги
Директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски вели дека ова училиште е подготвено за да се учи по Кембриџ.  Додава дека потрошиле 20 000ден. за набавка на нагледни средства, но дека и понатаму ќе се доопремуваат.

Во нашето училиште се одржа едно неделен  семинар на кој се обучуваше наставниот кадар и нислам дека програмата е добро совладана. Што се однеува до нагледните средства дел набави училиштето, а дел может да се најдат во нашата околина како капачиња, шишиња. Тука ќе помогнат и родителите, вели Тони Симоновски.

И наставниот кадар од ОУ „Григор Прличев“ е подготвен за да ја спроведе новата програма. kniga

Самите наставни програми се адаптирани на возраста на децата така да нема да преставува некаков проблем нивното совладување. Но, ќе имаме проблем со нагледните средства бидејќи тие се неопходни за спроведувањето на наставата, вели Анастасија Настоска, педагог во ОУ „Григор Прличев“ .

Нагледни средства ќе треба да се донабават и во ОУ „Св. Климент Охридски“. Директорот Јордан Пуроски, вели дека наставниот кадар во ова училиште е обучен, и е оптимист дека програмата успешно ќе се спроведе. Пуроски кажува дека првите три месеци ќе бидат прилагодување и анализирање на новата програма. Доколку се покаже дека има фалинки истите ќе им бидат предочени на надлежните во Министерството за образоване.

И на крај, можеби најтешко ќе им биде на третооделенците кои лани не учеа според Кембриџ и им се создаваа вакуум поради неусогласеност на старата и новата програма. Како ќе се надмине овој проблем ќе покаже искуството од школската година која е пред нас.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top