Каде е стручниот кадар во туризмот

Во повеќето угостителски и хотелски објекти во градов вработените немаат соодветна стручна подготовка. Добрите познавачи на оваа стопанска гранка го регистрирале проблемот, но никако да го решат.

 |  Билјана Николовска  | 
kelner
келнер

restoranska masaВо охридските угостителски и хотелски објекти нема доволно стручен кадар. Иако во градов постои средно стручно образование како и високо образование за жал се помалку стручен кадар кој доаѓа од овие образовни институции може да се сретне во угостителските па и хотелските објекти низ градов. Менаџерите на дел од кафулињата кои не сакаа да коментираат пред нашата камера кажаа дека едвај 30% од кадарот има стручна школа. Љупчо Патче познат охридски угостител вели дека овој проблем е присутен и во поголем дел од угостителските објекти во градов. Тој додаде дека девојките и момчињата кои работат како шанкери и келнери најчесто не се охриѓани.
И менаџерите на хотелите го признаваат присуството на овој проблем. Тие се обидуваат да го надминат земајќи ги во предвид искуствата на земјите кои успеале донекаде да се справат со него.
Но, вистината секогаш има две страни. Стручниот кадар кој е оспособен за работа во хотелските и угостителските објекти, со своја приказна. Тие зад камерата велат дека не сакаат да работат по струката за која завршиле поради ниските примања и во најголем дел нерегулираниот работен однос. За цело работно време тие би добиле плата од 10 500ден., додека пак за половина работно време  само 5000ден. Велат дека обврските кои им ги поставуваат работодавачите се многу големи, а примањата минимални.
kelnerl

И  експертите по туризам години наназад го регистрираат проблемот со некомпетентна стручна екипираност во угостителските и хотелските објекти. Проф. Др. Сашо Коруноски, од Факултетот за туризам и угостителство вели дека се работи за проблематика која се провлекува години наназад. Тој посочи дека потребно е време за да се надмине проблемот.
За доброто на сите крајно време е сериозно да се пристапи кон решавање на овој проблем. Развојот на туризмот во Охрид па и пошироко во голема мера зависи токму од стручниот кадар кој се занимава со оваа дејност, започнувајќи од келнерот кој треба да ги послужи гостите па се до највисокиот менаџер на еден хотел. Кога веќе конечно ќе се примени теоријата во пракса.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top