Охридската пошта кубури со кадар

Поштата во Охрид, има кадровски дефицит од најмалку 20 лица. Директорот на охридската подружница на Македонски пошти Сејфула Хани очекува овој проблем да се надмине на почетокот од 2015 година. Тој категоричен во својот став, дека и покрај проблемите со кои се соочуваат, Македонска пошта добро се држи и останува и понатака препознатлив бренд на државата.

 |  Николоска Биљана  | 
posta
пошта

postaОхридската пошта кубури со поштари и шалтерски работници. Дека има потреба од нови вработувања потврдува и директорот на Македонска пошта подружница Охрид, Сејфула Хани. Во моментов околу 20 работни места се празни и потребно е нивно потполнување. Првиот човек на охридската подружница  додава дека прават напори за брзо време да се надмине овој горлив проблем и веќе од Министерството за финансии чекаат согласност за нови вработувања.

„Според законот имаме монопол за поштенски услуги,  посебно за работата што ја вршат поштарите за доставувањето и мислам дека тука имаме недостаток на кадар исто така и за шалтерските вработени. Имаме потреба и сме во тек со дирекција со генералниот директор сега нов и имаме една стратегија заедно со Владата бидејќи како што знаете мора да имаме согласност од Министерствот за финансии. Бидејќи сега засега немаме кадар ние се трудиме со тоа кадровско решение што го имаме засега да го исполниме тоа што го бараат граѓаните“ – вели Хани.

postaПроблем има и со опремата на поштарите.  Тие  немаат соодветна униформа и превозни средства за доставување на пратките на терен. Хани нагласува дека веќе работат на решавање и на тој проблем.

„Мислам дека и тоа за кратко време ќе биде решено имаме недостаток и за облеката и за поштарите бидејќи секоја втора година ги менуваме, требаше тоа да го направиме лани но очекуваме дека ние како пошта имаме и други недостатоци но полека ќе ги решаваме. Не е толку лесна професијата  на поштар но сепак мислам дека некои големи забелешки немаме“– нагласи директорот на поштата.

И покрај тоа што во охридската подружница имаат кадровски дефицит, впечатокот на Хани е дека граѓаните на Охрид се задоволни од услугите кои ги добиваат од Македонски пошти, бидејќи досега до нив не стигнале некои посериозни забелешки. Директорот очекува 2015 година да биде година на инвестиции во охридската пошта, посебно во делот на модернизација на обезбедувањето на објектите. Во охридската подружница има 162 вработени распределени во 23 поштенски единици. Годинава до меседц август,  како што нагласи Хани, бележеле позитива од 4 милиони денари.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top