Ознака: кадар

ljubanista

Итна медицинска помош од денес во Љубаништа

Post Views: 8 Започна да функционира амбулантата во Љубаништа. Истата ќе работи секој ден од 10 до 18 часот. Според изјавата на директорот на Здравствен дом, Митко Дабески, со отварањето на амбулантата во Љубаништа ќе се постигне поголема мобилност и брза интервенција во населбите и плажите во околината на Љубаништа. „Тим доктор, сестра и шофер со возило, тие 8 часа ќе бидат таму и ќе прегледуваат пациенти во амбулантата во тој дел Трпејца и Љубаништа ќе ги покрива и плажите до Св Наум до границата и долу плажите“. Амбулантата во Љубаништа требаше да биде отворена од 1 јули. Дабески...

Continue reading

logo

Кој и како му ја скрои капата

Post Views: 1 Комуникациската мрежа Facebook не е имуна на меѓупартиските преукувања. Се е кристално чисто однапред договорено и секако поткрепено со законски акти, изнајдени по секоја цена. ТВМ преку атрактивната страна ФБ ексклузивно дојде до информација каде јасно е прикажан механизмот со кој се служи владеачката гарнитура во Вевчани за да ја изврши промената на кадри во образованието по партиска задача. Дека се излегува на бела виделина, посебно нечесните игри, зборува и следното. Под наслов „Предлог за разрешување“, јасно е прикажан документ, со изразено препознатлив вевчански...

Continue reading

grom

Децата, младите и жените во фокусот на програмата на ГРОМ

Post Views: 6 На денешната пресс конференција партијата ГРОМ обелодени дел од програмата посветена на децата, младата популација и понежниот пол. Во неа е зацртано да се доделат три години пензиски стаж на жените-мајки за секое родено дете. Од ГРОМ предлагаат жените да можат доброволно да одат во пензија на 55 години старост.  ГРОМ нуди интересни решенија и за младите во државава. –За секој млад кадар до 29 години што ќе се врати и  вработи во Македонија 30 % субвенција на плата за период од 2 години. 20 % субвенција на плата за период од 3 години за секој вработен млад високо...

Continue reading

sednica

Советниците прашуваа, градоначалникот одговараше

Post Views: 1 Денес се одржа 21 та седница на Советот на општина Охрид. На дневен ред се најде само една точка и тоа поставување на советнички прашања. Динамиката на поставување на пршањата беше однапред утврдена и редоследот беше запазаен од страна на советниците. Советничката говорница прв ја употреби Тони Тунтев, координаторот на СДСМ. Неговото прашање се однесуваше на превработеноста во Локалната самоуправа и во ЈП. „Зошто се вработуваат или колку се вработени нови луѓе во Локалната и во ЈП ако знаеме дека основната жалба на Локалната власт беше дека Јавната администрација е...

Continue reading

uciliste

Св. Кирил и Методиј, ново средно училиште во градов

Post Views: 0 Се формира ново општинско средно училиште. Економското училиште и медицинската паралелка се издвоиja од Гимназијата Св. Климент Охридски. Секретарот на Општината, Димитар Спасески вели дека ова била идеја уште на минатиот совет во 2010год. кога донеле одлука за поделба на ова училиште. Сега додава Спасески се создале услови таа идеа да се реализира. -На крајот на минатата недела Министерството за образование ја даде согласноста за поделба. Претходно стручна комисија од министерството направи увид врз објектите, наставниот кадар, бројот на учениците и утврди дека сите...

Continue reading

emuc

ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ утре го одбележува патронатот

Post Views: 2 Општинското средно училиште, ЕМУЦ „Св Наум Охридски“  утре ќе го одбележи патронатот. Во аулата на училиштето ќе се одржи свечена култруно-забавна  програма подготвена од средношколците и нивните наставници. Директорот на ЕМУЦ, Јане Цаноски е задоволен од применувањето на бројни активности со кои се подобрува работењето на оваа образовна институција. Меѓу активностите ставен е акцент на подбрување на редовноста на учениците и намалување на зачестените изостаноци од настава, напоменува Цаноски.„ Направивме анализа за организирање на одморите во текот на наставата. На...

Continue reading

Irina

Недепилирана воајерка

Post Views: 0 Иако изгледа беспрекорнo на насловните страници на списанијата бикини моделот Ирина Шаек не е секогаш подготвена за камерите од близок кадар.Оваа 25-годишна убавица ги откри своите недепилирани нозе откако замина од сетот за снимање на “the Chelsea Handler Show” во Лос Анџелес. Девојката на Роналдо изгледаше модерно во црвено мини-здолниште, црна кожна јакна и високи потпетици во животински принт од “Christian Louboutin”. Непријатниот изглед на нејзините недепилирани нозе помина незабележано на шоуто, но суровото сонце ги стави во центарот на...

Continue reading

sonk

Обезбеден надоместот за патни трошоци на наставниците

Post Views: 8 Просветните работници кои одржуваат настава во руралните средини  патните трошоци нема да ги плаќаат од свој џеб. За тој надомест годинава ќе се погрижи Локалната самоуправа. Преговорите помеѓу претставниците на секторот за образование при општина Охрид со претставниците на СОНК кои деновиве интензивно се водеа вродија со плод вели претседателот на Синдикатот, Аце Речкоски. „Резултатот од последната средба што ја имавме со претставниците од Локалната, наидовме на разбирање од нивна страна, значи бесаплатниот јавен превоз на просветниот кадар  кој што ќе патува ќе биде...

Continue reading

bolnica

На нервно во охридската болница се бара кревет повеќе

Post Views: 0 Болнички кревет повеќе се бара на нервното одделение во охридската болница. Просторните услови на одделението се со мал капацитет и не може да ги примат  сите пациенти кои бараат лекарски третман. Портпаролот на болницата д-р Сашо Василески појаснува дека  станува збор за најчест случај на пациенти со  мозочни удари, а капацитетот на одделението е стопроцентно оптоварен. Болницата е од регионалне карактер па лекарска помош на одделот не бараат само охриѓани туку и жителите од југозападниот регион, од градовите Македонски Брод, Кичево, Дебар, Ресен и  Струга, укажува...

Continue reading

деца

Јагма за место во охридските градинки

Post Views: 4 Над 145 деца се на листа на чекање за место во 5-те градинки на ЈДУ „Јасна Ристеска“. Во моментов реално според капацитетите, нема место ниту за едно од овие деца. Од 15- ти август дневно пристигаат и по 20 барања за место во градинката што ги надмина нашите очекувања, информира директорката на детската установа  Роза Костеска . Тоа е бројка која и кога би се изградиле два нови објекти  не би ги задоволиле сегашните потреби. Со децата кои треба да посетуваат продолжен престој оваа бројка би достигнала и до 750 деца за кој нашите градинки  немаат  капацитет, вели Костеска....

Continue reading

bolnica

Квалитет има, ама недостасува кадар

Post Views: 7 Д-р Горан Балевски, специјалист уролог во Општата болница во Охрид е трет на листата на најдобро рангирани доктори за месец  март.  Оваа листа ја составува Министерството за здравство според системот за плаќање по успешност. Наградени се оние доктори кои се движечка сила во своите институции. Тие добиваат посебно признание и паричен надоместок од  30 000 ден. Д-р Балевски не го крие задоволството од ваквото признание. Тој вели дека за да се дојде до едно вакво признание потребен е голем труд и ангажман, но објаснува дека самиот без неговиот тим не би го постигнал ваквиот...

Continue reading

vospituvacki

Градинката „Јасна Ристеска“ кубури со кадар

Post Views: 15 Дефицитот на кадар останува најголемиот проблем во охридските градинки. Иако капацитетот на градинката е 650 деца, кои треба да ги опслужуваат 110 вработени од сите профили, во моментов дури 750 деца се згрижени во охридските градинки, а ги опслужуваат 69 вработени со решенија на неодредено работно време. Прекинот на договорите за кој неколкуте волонтери од градинките усно беа известени на почетокот на овој месец, биле основната причина загрижени родители да реагираат до нашата редакција, со молба за актуелизирање на овој проблем. Розе Костоска В.Д. Директор ЈОУДГ „Јасна...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top