Јагма за место во охридските градинки

Јагма за место во охридските градинки.

 |  Валентина Неловска  | 
деца
деца

Над 145 деца се на листа на чекање за место во 5-те градинки на ЈДУ „Јасна Ристеска“. Во моментов реално според капацитетите, нема место ниту за едно од овие деца. Од 15- ти август дневно пристигаат и по 20 барања за место во градинката што ги надмина нашите очекувања, информира директорката на детската установа  Роза Костеска . Тоа е бројка која и кога би се изградиле два нови објекти  не би ги задоволиле сегашните потреби. Со децата кои треба да посетуваат продолжен престој оваа бројка би достигнала и до 750 деца за кој нашите градинки  немаат  капацитет, вели Костеска. Родителите се информирани дека 2 до 3 пати  е надминат бројот на децата во групите, со тоа не можат да се почитуваат стандардите и критериумите за престој во градинка, но тие инсистираат децата да бидат згрижени, кажува Костеска.  Утре посебна Комисија формирана од разни профили во градинката ќе одлучува за прием на децата, но само за итните случаи. Претходно е направена реонизација за да има рамномерна распореденост на децата во објектите, а ќе има и неколку критериуми според кои ќе се прави изборот, објаснува директорката.

деца„ Критериумите ќе бидат споре местото на живеење, дали родителите се врботени и дaли има некој да се грижи за детето. Во овој период на невработените родители нема да можат да им бидат згрижени децата иако социјализацијата на децата е многу важна“.     
 
Во моментов по 25 деца  од Лескоец и Велгошти доаѓаат во охридските градинки, а по 5 деца  од двете места се на листата за упис, кажува Костеска. Градинката прави напори да се рестартираат занимални во некои градинки кои не се употребувале досега, а со одлука на Совет се адаптираат простории во училиштата во Велгошти и Лескоец за да може да се отворат градинки и во овие две приградски населби. Со тоа во Охрид би се ослободиле над 60 места кои би ги пополниле децата од листата на чекање.
Покрај недостигот од простор градинките имаат потреба и од кадар. Од градинката побарале 30 нови вработувања, но колку ќе одобри Министерството и Локалната самоуправа е неизвесно, објаснува Костоска.

деца

„ Бројка колку ќе бидат вработени не може да се каже бидејќи не знаеме колку простории ќе се адаптираат и реконструираат. Но, во секој случај ќе има доволно персонал и родителите да не се грижат. Ќе има стручен кадар кој ќе ги згрижи и воспитува децата“, смируваат од градинката.

Во моментов градинката има 73 вработени  од кои 57 се негувателки и воспитувачки. Во градинката недостасуваат и други разни профили за кои се прави обид да има варботувања. Во летниот период во пензија заминале  2 воспитувачки, а уште три треба допрва да заминат на заслужен одмор. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top