Ознака: кадар

et

Екстерното тестирање збогум за „надуените“ оценки

Post Views: 8 Во општина Охрид успешно спроведено екстерното тестирање во сите основни и средни  училишта. Овој долго подготвуван метод на министерството за образование,  со кое се  тестира знаењето на учениците стеканото од нивните професори, од старт па се до негвото реализирање  беше дочекано на нож од некои професори, родители и ученици.  Едно е сигурно,  иако оспорувано и оцрнувано, сепак ова тестирање ќе значи крај за непотизмот и надуените оценки.  За тестираните ученици екстерното тестирање, пак, денес беше лесен залак.  Со овој  инструмент ресорното министерство сака да добие ...

Continue reading

gradinki

Градинката „Јасна Ристеска“ се соочува со недостиг на кадар

Post Views: 0 Недостиг од кадар е проблемот со кој се соочува градинката Јасна Ристеска. На 31 март истекоа договорите за работа за 10 воспитувачки во градинката Јасна Ристеска, ангажирани преку Агенција за вработување од страна на Локалната самоуправа, информира  директорката Марина П. Тодоровска. Таа  ги демантира сите  гласини  дека тие  се избркани од работа. Иако  воспитните групи се со поголем број на деца, а помал број на воспитувачки, градинката работи нормално, уверува Петровска.  Директорката ги негира и сите шпекулации во јавноста поврзани со  работата на оваа установа,...

Continue reading

grdinka

Стартуваат новите градински групи во централната градинака „Јасна Ристеска“

Post Views: 6 Од наредната недела стартуваат новите градински групи во централната градинака „Јасна Ристеска“. Новите простории во доградениот дел на оваа градинка утре, на денот на нејзиниот патрон свечено ќе бидат пуштени во употреба. Тие се изградени по сите нормативи и стандарди според правилникот за изградба на детска градинка. Во новите простории има три занимални, една трпезарија и магацински дел. Таму ќе бидат згрижени 90 деца, вели директорката на градинката, Марина Петровска Тодоровска. Доградбата на централната градинка ја финансираше Локалната самоуправа, а уредувањата...

Continue reading

gradinka Struga protest

Штрајк во градинката „8 ми март – Струга“

Post Views: 8 Дел од вработените во Градинката 8 ми март во Струга, не можејки повеќе да трпат, пред медиумите проговорија за својот проблем.  Николче Секуловски готвач, во градинката работи 10 години, но со договор за дело, а последнава година со договор за работа. Тој открива дека 5 години од градинката испраќале барање за негово вработување, но одговорот секогаш бил негативен.  Последната плата која ја зел Секуловски била околу 6000 денари и тоа во месец  јули годинава. „Од кога почна договорот на определено, платите ги земаме многу касно. Со минимим три месеци каснење. Инаку...

Continue reading

sv. kliment Ohridski

ООУ Св. Климент Охридски го одбележа денот на детето

Post Views: 21 Првата недела во месец октомври во целиот свет се одбележува детската недела.  ООУ Св. Климент Охридски не само што посветува огромно внимание на  наставата на децата, туку и преку низа активности го одбележа 5 ти октомври – светскиот ден на детето и учителот.     Учениците од Св. Клиемент Охридски добро ги знаат своите права и обврски. На Генералното собрание на обединетите нации беше донесена универзална декларација за детските права. Токму поради тоа, на 5 ти октомври, во ООУ Св. Климент Охридски  вообичаено ги примаат првачињата во детската организација. Тие...

Continue reading

skolp

Општинските средни училишта без дефектолози

Post Views: 11 Децата со интелектуална попреченост по завршувањето на основното се вклучуваат во средното образование. Најчесто овие ученици го продолжуваат образованието во стручните општински училишта.  Од Бирото за развој на образованието нагласуваат дека наставната програма за овие средношколци е прилагодена. Од друга страна пак, професорите кои во пракса се сретнуваат со ваков начин на инклузија на учениците во образовниот процес велат дека имаат потреба од  стручна помош на дефектолозите.  Засега, нив  како кадар во средните училишта ги нема. Дефектологот Наташа Илоска, од основното...

Continue reading

bolnica

Се одбројува до отворањето на новиот дел од охридската болница

Post Views: 1 Се одбројува до отворањето на новиот дел од охридската болница. По се изгледа охриѓни на денот на нивниот патрон, 8-ми декември ќе бидат сведоци на свеченото отварање на долгоочкуваната здравствена установа. Портрпаролот на болницата, Д-р Сашо Василевски вели дека се на добар пат да го исполнат ветеното бидејќи привршуваат надворешните зафати на болничкиот објект, а започнато е и внатрешното уредување. Деновиве се инсталира најсовремена електронска инсталација, а болницата според планот ќе функционира како еден мини робот, објаснува д-р Василевски. Таа се прави по највисоки...

Continue reading

Fejzo Shemo-DZS

Фејзо Шемо-единствен ром-државен службеник во Охрид

Post Views: 0 Ако не се обидеш, нема ни да успееш. Веројатно никој не го знае тоа подобро од Фејзо Шемо од охридската канцеларија на Државната дирекција за заштита и спасување. Се чини полека станува минато времето кога припадниците на ромската заедница беа закотвени на маргините на македонското општество. Благодарение на Декадата на ромите, но и личната упорност, Фејзо Шемо веќе четврта година е државен службеник и посветено и успешно ја врши својата работа на помлад референт за обука, тренинг и мобилизација. За оваа позиција тој случајно аплицирал на отворениот конкурс на Дирекцијата...

Continue reading

болница

Вработувања лекари без партиско влијание

Post Views: 4  ЈЗУ „Општа болница“ Охрид ќе го освежува медицинскиот персонал со вработување на четворица лекари по општа пракса. На почетокот од оваа година Владата дала согласност за вработување на 5 лица, а во моментов тече оглас за 4 лекари. Наскоро, ќе се распише објава за прием на уште еден лекар по општа пракса, информира директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов. Првиот човек на болницата кажува дека во нивната здравстѕвена установа има етапно освежување на медицинскиот кадар како резултат на анализата за развој на ова установа направена пред 5 години. Лани беа примени 3-ца...

Continue reading

ucenik

Некомплетни педагошки служби во училиштата

Post Views: 1 Гимназијата со економски паралелки „Св. Климент Охридски“ и електро-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“ имаат вработено по едно стручно лице. Најпокриено со кадар е основното училиште „Св. Климент Охридски“ со комплетна служба, а останатите училишта имаат по еден психолог или педагог. Основните училишта „Живко Чинго“ и „Ванчо Николески“ ги делат педагогот и психологот по пола работно време, вели Наумоска. Покрај педагогот и психологот законодавецот предвидел вработување и на социолог. Педагошките служби ќе покриваат група од  минимум 20 родители чии деца имаат...

Continue reading

kongres za obrazovanie

Наставникот престанува да биде наставник, кога ќе престане да учи

Post Views: 4 За наставниот кадар важи една максима, а тоа е дека наставникот престанува да биде наставник, кога ќе престане да учи. Со имплементацијата новите динамични проекти во образовен процес, се појавуваат и првите проблеми.Училиштата и универзитетите во Македонија веќе извесен период се обидуваат да се адаптираат и осовременат за да излезат во пресрет на динамичните промени на образовниот процес. Проф-.Д-р Владо Тимовски , декан на Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски од Скопје кажува дека, „Ние чекор што мора да следиме, ќе следиме, но последните години во образовниот...

Continue reading

Proakva

Новото претпријатие за вода, ќе почека

Post Views: 9 Тргај не кини. Охрид и Струга пијат вода од една чешма, но од одделени водоводни системи. На тоа реши да стави крај градоначалникот на Охрид Александар Петрески, кој првично проба да ги подели водоводите на Охрид и Струга, со одлука на двата совети. Кога тоа не му тргна од рака, поради лошите односи со централната власт, во врска кредитното задолжување на МЈП „Проаква“, Петрески, направи друг чекор, формирање на ново ЈП „Водовод Охрид“ за кој изнајде соодветна законска рамка. Петрески категоричен, „ние во Охрид сметаме дека заедничкото работење на двата водоводи е на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top