Екстерното тестирање збогум за „надуените“ оценки

 Екстерното тестирање збогум за „надуените“ оценки.

 |  Валентина Неловска  | 
et
et

Во општина Охрид успешно спроведено екстерното тестирање во сите основни и средни  училишта. Овој долго подготвуван метод на министерството за образование,  со кое се  тестира знаењето на учениците стеканото од нивните професори, од старт па се до негвото реализирање  беше дочекано на нож од некои професори, родители и ученици.  Едно е сигурно,  иако оспорувано и оцрнувано, сепак ова тестирање ќе значи крај за непотизмот и надуените оценки.  За тестираните ученици екстерното тестирање, пак, денес беше лесен залак.  
et
Со овој  инструмент ресорното министерство сака да добие  слика за квалитетот на работата на наставниот кадар.  Овој вид на тестирање ќе донесе уште една придобивка, а тоа е пополнување на паузата од  25 години во  оценување и издвојување на квалитетниот  професорски кадар.  За екстерното тестирање и неговото спроведување има различни  ставови кај просветарите. Тие не сакаат јавно да зборуваат за тестирањето. Професорите се со поделно мислење  околу ставот дали екстерното тестирање ќе ја  покаже вистинската состојба  колку тие квалитетно  ја обавиле работата и правилно ги оцениле учениците. За нереалните петки, дел од професорите  сметаат дека тоа е одраз на образовниот систем бидејќи попривлечните високо образовни инситуиции им го наложуваат тоа барајќи просек 5,00 за упис.  

Директорот на ОУ„ Св Климент Охридски, Јордан Пуроски, од аспект и на професор и на директор, смета дека нивните ученици се добро подготвени и дека учениците стекнуваат добри знаења од професорите. Но, се согласува дека со ова тесирање  некои негови колеги добро ќе се  размрдаат за посовесно да ја обавуваат работата.

„Наставниците ќе го избегнат притисокот од родителите и околината за поправка на оценките. Учениците ќе се мотивираат да го покажат стекнатото  знаење и ќе покажат дали ја заслужуваат оценката. За наставниците ќе е успех доколку добијат резултати со кои правилно и успешно ја реализрале програмата и ги оцениле учениците“.

Пробно екстерно тестирање во училиштата беше спроведно во февруари кога беа отстранети некои  недостоци. Се очекува од година во година системот да се подобрува. Инаку, денес со мали недостоци кои беа навреме елиминирани беше спроведено екстерното тестирање во сите основни и средни училишта во Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top