Стартуваат новите градински групи во централната градинака „Јасна Ристеска“

Новите простории во доградениот дел на централната градинака „Јасна Ристеска“ утре, на денот на нејзиниот патрон свечено ќе бидат пуштени во употреба.

 |  Јаковлева Лионела  | 
grdinka
градинка

Од наредната недела стартуваат новите градински групи во централната градинака „Јасна Ристеска“. Новите простории во доградениот дел на оваа градинка утре, на денот на нејзиниот патрон свечено ќе бидат пуштени во употреба. Тие се изградени по сите нормативи и стандарди според правилникот за изградба на детска градинка. Во новите простории има три занимални, една трпезарија и магацински дел. Таму ќе бидат згрижени 90 деца, вели директорката на градинката, Марина Петровска Тодоровска.gradinka Struga protest

Доградбата на централната градинка ја финансираше Локалната самоуправа, а уредувањата на занималните е со средства од градинката и од спонзори.

Со отварањето на новиот градински дел само делумно ќе се реши просторниот проблем, вели директорката. Бидејќи интересот на родителите за згрижување на нивните деца во градинка од година во година расте, бројот на воспитните групи и понатаму ќе биде над нормативите. Уште еден проблем со кој се соочува ова предучилишна установа е недостигот на кадар, а и нерешениот статус на поголемиот дел од вработените кои сеуште се со договор на дело.

Директорката вели дека доколку се најде начин да се прими нов кадар градинката би работела и во попладневните часови а и во сабота бидејќи современиот начин на живеење и се поголемата ангажираност на родителите ја налага оваа потреба.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top