Центарот за депресија во Охрид засега e само идеја.

Центарот за депресија во Охрид засега e само идеја.

 |  Валентина Неловска  | 
dom
dom

Проектот за формирање на центар за депресија засега е само на ниво на идеја. Првите луѓе на Здравствен дом Охрид, д-р Митко Дабески и д-р Љубен Арнаудов, од Општа болница, велат дека до нивните институции непристигнале никакви конкретни инструкции од ресорното министерство.
dom
Д-р Дабески од Здравствен дом за ТВМ со кус коментар дека нивната установа може да обезбеди само просторија во Маларична,  но не и специјализиран кадар. Нивната установа нема психијатар. Во  Општа болница пак, подолго време се соочуваат со дефицит на ваков стручен кадар.
Иако од ресорното министерство најавија дека ваквите центри во ноември месец ќе бидат отворени во 13 градови, во Охрид не се ни на почетно ниво.

Според најавата на министерот Никола Тодоров, центрите требаше да работат еднаш неделно, после пладне во периодот од 14 до 20 часот. Во нив требаше да има по еден психијатар, кој ќе прегледува без претходно закажан термин, а по потреба пациентите да ги упатува на натамошно лекување.

dom

 

Кадарот требаше да се обезбеди од  вработените во здравствените домови, а ако нема, да се ангажира од најблиската болница во градот или од најблиската општина.
Депресијата е се поголем здравствен, социјален и економски проблем во Европа и кај нас.
Според Светска здравствена организација, секоја петта жена и секој десетти маж барем еднаш во животот може да имаат сериозна епизода на депресивно растројство.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top