Угостителите и оваа сезона мака мачат со вработување на келнери и кувари од Охрид

 Угостителите и оваа сезона мака мачат со вработување на  келнери и кувари од Охрид.

 |  Јаковлева Лионела  | 
kafule
kafule

Охридските угостителски објекти мака мачат со вработување на образовани келнери и готвачи од градов. Години наназад повеќето од нив практикуваат ангажирање на угостителски кадар од другите градови посебно од источниот дел на земјава. Овој проблем го потвруваат и од Агенцијата за вработување од Охрид. Од нивната евиденција се гледа дека од 4 196 лица кои бараат активно работа и околу 3500 пасивно , околу 300 се келнери, кувари и угостителски техничари. На спискот кои бараат работа има 90 келнери и дури 170 готвачи. Додека 20 -тина лица се угостителски техничари и хотелиери.  
kafulina
Угостителите постојано се надеваат  дека проблемот ќе се реши со едуцираниот кадар за работа во угостителските објекти, но проблемот продолжува по старо.
Угостителите не седат со скрстени раце бараат излез од ваквиот ќорсокак, да се има локален кадар, а да нема заинтересираност за работа. Со поддршка на кластерот за туризам ќе оргазираат обука и доусовршување на заинтерсираните охриѓани кои сакаат да работат во угоститеслтото.

Од Еснафот на угостители информират дека веќе  утре имаат закажано средба со невработените лица. Во тој проект ќе бидат вклучени  заинтерсираниѕр ксдри  за добивање знаења од барменството како и лица кои веќе работат во угостителството за да се стекнат со знаење од оваа област и за тоа да добијат сертификат.
kafulina
Дека Охрид кубури со професионални бармени се потврдило и на неодмна одржаното 7 државно првенство во бартендинг, напоменуваат охридските угсотители. На него учествувале неколкумина охридски бармени, а најголем број учесници имало од градови кои и не се туристички места.  

Зошто охридските млади стручни кадри одбиваат да работа како келенри и готвачи, за  она за што се шклоувале, никој не открива. Останува да се нагаѓа дали за ваквата состојба придонесуваат ниските плати или едноставно лицата кои завршиле средно угостителско образование го избрале тоа занимање за да имаат само било каквп образование, и немаат потреба од работен ангажман.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top