Ознака: болница

opsta bolnica

„ВИА“ ДОО Вевчани ќе ја гради охридската болница

Post Views: 13 До крај на годинава охриѓани ќе добијат болница. Вчера заврши електронската аукција за избор на најповолен изведувач за изградба и реконструкција на овој значаен објект, кој досега беше мета на разни политички препукувања и реакции на граѓаните на Охрид. „ВИА“ ДОО Вевчани е компанијата со најповолна понуда, која на вчерашната електронска аукција ја доби довербата пред бугарско македонската компанија и за 194 милиони денари ќе го гради овој капитален објект. За овој тендер немало голема конкуренција бидејќи Министерството за здравство имало поставено строги критериуми....

Continue reading

detska specijalna bolnica

Наместо Специјална детска болница, хотел???

Post Views: 45 Елитна туристичка населба треба да се гради на просторот кај поранешната Детска специјална болница. Паѓаат во вода најавите за отварање на Одделение за детска кардиологија, од страна на Центарот за кардиоваскуларни заболувања. Сега, судбината на двата големи објекти и огромниот простор на кој се наоѓаат, е во рацете на  Министерството за транспорт и врски. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека сеуште траат постапките за утврдување на имотно-правниот карактер на недвижните ствари. Додаваат дека по утврдување на точниот имотно-правен статус, ќе се постапува...

Continue reading

med nurse

Отворено писмо од медицинските сестри до директорот Арнаудов

Post Views: 2 Медицинските сестри со Високо образование од ЈЗУ Општа болница-Охрид испратија писмо до Телевизија ТВМ како реакција на изјавите на директорот на Општа болница искажани во прилог за Дневникот од 06.02.2012. Во отвореното писмо стои: Почитуван директоре Г-дин Арнаудов Ние медицинските сестри со завршена Висока медицинска школа на Универзитетот “Св.Климент Охридски” од Битола, не можеме да го оствариме нашето право за признавање на Високото образование во институцијата во која работиме-Општата болница во Охрид. И покрај нашите барања до надлежните органи...

Continue reading

insulin

Во Центарот за дијабет има доволни количини инсулин

Post Views: 1 Од Општа болница информираат дека инсулин има доволно за сите пацинети. Снабдувањето се одвива без проблеми. Објаснуваат дека одредени пациенти тешко ги прифаќаат трајните инсулински пенкала наместо досегашните  за еднократна употреба.Во моментов во Центарот за дијабет се воведува новина. Пацинтите се префрлаат на примена на трајни инсулински пенкала за кои има инсулински патрони. Старите еднократни пенкала веќе не се произведуваат и се воведуваат нови велат интернистите. Со овие пенкала ќе има заштеда на средствата за оваа намена имајќи ги во предвид обидите на министерството...

Continue reading

med sestra

Општа болница нема систематизација за медицинските сестри со високо образование

Post Views: 0 Медицинските сестри со завршена висока медицинска школа  се жалат дека охридската општа болница не им ги признава дипломите. Нагласуваат дека во систематизацијата на работни места го нема нивниот профил. Ова го потврдува и директорот на болницата д- р Љубен Арнаудов, кој појаснува дека тоа е став на болничкиот Управен одбор. Донесена е одлука  да не се плаќа високото образование се додека не се промени систематизацијата на работни места, вели д-р Арнаудов.„Во болницата по систематизацијата се плаќа работното место, а не според образованието. Сестрите кои  на работните...

Continue reading

minister Todorov

Министерството за здравство ќе набавува 80 современи амбулантни возила

Post Views: 0 Министрот за здравство Никола Тодоров ќе го реанимира македонското здравство. Најавува крупни промени кои значајно ќе влијаат во услугите кои им се пружаат на граѓаните. Во стартот на овие зафати, министерот најави проект за набавка на современи амбулантни возила. „Отпочнавме со имплементација на проект за набавка на 80 амбулантни возила. Некои ќе бидат со погон на две тркала, некои на четири тркала, а едно ќе биде специјано за транспорт на  деца (педијатриско амбулантно возило ).Овие возила ќе бидат распределени во сите градови на Р Македонија каде што има итна медицинска...

Continue reading

protest bolnica

НВО „Младински центар“ протестираше пред општата болница

Post Views: 6 Ни неверојатно лошите временски услови не ги спречи приврзаниците на НВО „Младински центар“ да протестираат пред општата болница во Охрид. „Во септември 2010 год. се сруши највиталниот дел од општата болница, со што околу 60 илјади граѓани останаа без гинекологија. Хирургија, анестезиологија, урологија и одделението за уво, нос и грло. Ветија за 6, потоа за 12, па за 16 месеци дека ќе ја завршат реконструкцијата на болницата, но сведоци сме дека работите не се поместени од почената точка и не гледаме решение за овој значеаен проблем подолго време. Неодговорноста на надлежните...

Continue reading

opstina

Наместо да ги поддржи протестите ОК на ВМРО-ДПМНЕ неаргументирано го напаѓа градоначалникот

Post Views: 1 Во реакцијата од кабинетот на градоначалникот во врска пресот на Ок на ВМРО-ДПМНЕ стои : Наместо да ги поддржи утрешните граѓански  протести против уништувањето на охридското јавно здравство , ОК на ВМРО- ДПМНЕ продолжува да го дефокусира вниманието на јавноста и неаргументирано да го напаѓа градоначалникот Александар Петрески. Во врска со МЈП „ Проаква“ го посетуваме  ОК на ВМРО- ДПМНЕ и нивниот претседател Атанаско Михаилов, дека неколкупати досега информиравме дека претпријатието нема да се продава. Што се однесува пак до зголемувањето на цената на водата Михаилов...

Continue reading

MCO

Младитие го подигнаа гласот за охридското здравство

Post Views: 0 Прво па машко. Во Охрид никна нова невладина организација, „Младински центар Охрид“. Тие го кренаа гласот против сите оние фактори, кои според нив, допринесоа за да се уништи охридското здравство. Членовите на Младински центар Охрид, поради нивната загриженост за состојбите во здравството најавија мирен граѓански протест пред Општа болница во Охрид, утре во 5 минути до 12 часот.„Поради нечија негрижа, неразумност и неодговорност, Охрид повеќе од 15 месеци е оставен без елементарна здравствена заштита. Во септември 2010 година се сруши највителниот дел на Општата болница,...

Continue reading

opsta bolnica

Се вжештува незадоволството кај пациентите

Post Views: 0 Студот започна да го подјадува трпението на пациентите  во Охридската болница. Лошите болнички услови доаѓаат се повеќе до израз во овие студени зимски денови. Единствено што се загрева е нетрпението на пациентите. Тие се жалат на ладните простории во Општата охридска  болница. Реагираат дека на некои одделенија нема доволно греење или тоа  е ограничено на неколку часа во текот на денот. Пациените кои се задржуваат на лекување не смеат да употребат грејни тела од своите домови. Така некои се принудени да се откажат од лекување во болнички услови и продолжуваат на домашно...

Continue reading

lizgavo

Опасно е, се лизга!

Post Views: 0 Зголемен бројот на скршеници на екстремитетите. Остатоците од снегот на дел од охридските улици, кои дебело замрзнаа, предизвикуваат невољи. Не ретко се случува гаѓаните да се лизнат, дападнат и притоа да се здобијат со набиеници, исчашување, но и со скршеници. Од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид, директорот Митко Тилев вели дека овој период имаат покачен број на интервенции како последица од лизгање и паѓање на замрзната површина. Најчесто страдаат луѓето од повозрасната категорија кои доаѓаат со скршени екстремитети, додава тој....

Continue reading

krvodaritelska akcija FTU

„Имаш пет минути? Дарувај крв и спаси нечиј живот“

Post Views: 10 Студентите од ФТУ од Охрид денес ја покажаа својата хуманост на дело. Активно се вклучија во крводарителската акција која два пати годишно се спроведува во нивната устанува. Христина Божиновска беше еден од триесетината студенти која хуманиот импулс го спороведе на дело. Ова инаку е планирана крводарителска акција која се спроведува во оваа образовна установа, а е во организација на  „Црвениот крст“ и одделението за трансфузилогија при Општа болница Охрид објасни Игор Тасески мотиватор за крводарителство при ОО на Црвениот Крст од Охрид. Тој ни објасни и која всушност...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top