Се вжештува незадоволството кај пациентите

Студот започна да го подјадува трпението на пациентите  во Охридската болница. Лошите болнички услови доаѓаат се повеќе до израз во овие студени зимски денови.

 |  Валентина Нелоска  | 
opsta bolnica
opsta bolnica

opsta bolnicaСтудот започна да го подјадува трпението на пациентите  во Охридската болница. Лошите болнички услови доаѓаат се повеќе до израз во овие студени зимски денови. Единствено што се загрева е нетрпението на пациентите. Тие се жалат на ладните простории во Општата охридска  болница. Реагираат дека на некои одделенија нема доволно греење или тоа  е ограничено на неколку часа во текот на денот. Пациените кои се задржуваат на лекување не смеат да употребат грејни тела од своите домови. Така некои се принудени да се откажат од лекување во болнички услови и продолжуваат на домашно лекување. Се почесто негодува и медицинскиот персонал. По завршувањето на тендерот за избор на нов изведувач и   персоналот и  пациентите  се во исчекување кога ќе продолжат градежните зафати за конечно да заврши прекинатата  реконструкција на  болницата.
bolnica plan

Од Министерството за здравство  се шкрти со давање информации. Кратко коментираат дека законскиот рок за  еволуација на тендерската документација на Комисијата ќе трае  дури 50 -тина дена. Повеќе детаљи не откриваат и  повикуваат на трпение.
Во слободна проценка изборот на изведувачот  би завршил после три месеци.  Дотогаш цената на лошите услови при лекувањето ќе ја плаќаат пациентите, но и медицинскиот персонал кој е принуден да работи во вакви лоши услови.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top