Ознака: болница

bolnica

Дел од тревникот на охридската болница наликува на џунгла

Post Views: 0 Од „ЈЗО Општа болница Охрид“ велат дека не ја санираат состојбата поради тоа што не се сопственици на парцелите. Група граѓани кај кои е развиена еколошката свест до ТВМ реагираа поради неуреденоста на дворната површина на „Општата болница“ во Охрид. Станува збор за поголем дел од тревникот во кругот на болничкиот комплекс. „Не е во ред, во центарот на градот, а притоа и во медицински центар, да се сретнуваме со ваква слика“, обвинуваат граѓаните. Првиот човек на Општата болница, Др. Арнаудов, појаснува дека состојбата со посочените парцели, не е решена со законот...

Continue reading

bolnica

Водич за пациенти, наскоро во Охридската болница

Post Views: 4 Пациентите во Јавната здравствена установа „Општа болница“- Охрид, низ 19-те болнички одделенија, наскоро ќе бидат придружувани од водич. Целта е потранспарентен и  похуман контакт на пациентите со болничкиот персонал. Станува збор за примена на вообичаена практика  во светските здравствени центри, а  во интерс на заштеда на времето и болничкиот денар на пациентот и  во насока болниците да бидат поекспедитивни и потранспарентни.  Ова е најновиот проект на Министерството за здравство кој се планира да стартува од почетокот на идниот месец. Лицето кое ќе ја обавува оваа...

Continue reading

Годинава во охридската болница на свет се донесени 423 бебиња

Post Views: 7 Бројот на машки и женски деца е сразмерно ист, вели началникот на ова одделение д-р Ѓоко Танески. Минатата 2007 година пак, бројот на новороденчињата бил 676. Статистиката покажува дека во општина Охрид минатата година, стапката на природен прираст изнесувала 0,2 промили. Д-р Ѓоко Танески додава дека бројот на новороденчиња е преполовен, споредено од пред 10 години. Исто така и бројот на жени од други општини кои доаѓаат да се породат тука е значително намален  во споредба со минатите години. Покрај гинеколозите, кои се грижат за безбеден тек на породувањето, за здравјето...

Continue reading

Д-р Наум Љатко демантира

Post Views: 4 Во врска со вчерашниот прилог во кој д-р Никола Симоноски упати обвинувања до раководниот менаџмент на Јавна Здравствена Установа „Општа болница“, дека не биле подготвени да интервенираат за давање помош на повредените во авионската несреќа, до редакцијата на ТВМ демант упати заменикот раководител на Работна единица анестезија и реанимација, д-р Наум Љатко. Тој ја демантира изјавата на д-р Симоноски и вели дека одделот за анестезија и реанимација бил подготвен, и со персонал и со соодветна апаратура, да им пружи помош на настраданите во авионската несреќа во Скребатно,...

Continue reading

Охридската Општа болница неподготвена за прием на жртвите од авионската несреќа

Post Views: 1 Иако повикани, раководните лица од болницата не се одзвале на повикот за помош на дежурните лекари- тврди еден од нив. Раководните лица од болницата се на годишен одмор. Јавната здравствена установа Општа болница воопшто не била подготвена, доколку биде потребно, да ги прими жртвите од вчерашната авионска несреќа. Ова го тврди дежурниот лекар- хирург, Примариус д – р Никола Симоноски,  кој бил на своето работно место по падот на авионот. Заедно со дежурниот лекар- анестезиолог биле препуштени сами на себе. „Не знам како ќе постапевме доколку се јавеше потреба...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top