Ознака: болница

Се намалува бројот на хоспитализирани во струшката болница

Post Views: 9 Се намалува бројот на хоспитализирани во струшката болница. Моментално има 28 пациенти на болничко лекување, од кои 14 невакцинирани со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка. Вакцинираните се во постабилна состојба, велат лекарите. Во истовреме расте и интересот за вакцинација. Дневно на вакциналните пунктови во Струга се вакцинираат околу 400 лица, вкупно се имунизирани 23 000 граѓани. Јас сум задоволен од бројот и од одзивот на граѓаните е сега во смисол на гужва има бидејки не е со закаување на термини. И самите граѓани тука грешат бидејќи им се даваат...

Continue reading

Ковид пациентите од модуларната болница во Охрид се преселија на Инфективното одделение

Post Views: 11 Ковид пациентите од модуларната болница се преселија повторно на Инфективното одделение. Петнаесеттина пациенти инфицирани од вирусот, од кои 11 се на кислородна поддршка, се лекуваат на ова одделение. Д-р Горан Балески, директорот на охридската Општа болница информира дека има две причини за преместување на болните, една е појава на кондензација на вода во внатрешноста на модуларнта, а втората е намалување на бројот на пациенти кои се на болничко лекување од ковид 19. Имаме по 10 до 15 прегледи во текот на 24 часа и одлучено е да се префрлат пациентите на инфективно....

Continue reading

Потврдени 14 жртви во пожарот во модуларната болница во Тетово

Post Views: 4 Четиринаесет лица го загубија животот во катастрофалниот пожар кој вчеравечер ја зафати модуларната болница во Тетово во која беа хоспитализирани 24 пациенти заболени од коронавирус. Сите настрадани се пациенти, а меѓу повредените има и медицински персонал. Обвинителството потврди дека тие се извлечени од уништената болница и предадени на Институтот за судска медицина заради идентификација. Ноќеска петмина обвинители заедно со форензичките тимови од крим техника вршеа увид во уништената болница. Земени се изјави од вработените во Ковид центарот, а ќе се прегледуваат...

Continue reading

Пожар во болницата во Тетово

Изгоре модуларната болница во Тетово, има и жртви

Post Views: 2 Во пожарот што избувна околу 21 часот, целосно изгоре модуларната ковид-болница во Клиничкиот центар во Тетово. Министерството за здравство потврди дека во пожарот има и жртви, но точниот број на загинати сѐ уште се утврдува. Пожарот е веќе изгаснат, а повредените се транспортираат во Скопје. Полицијата ги отстрани присутните и во секој момент се очекува да почне увидот кој треба да ја утврди причината за пожарот.  На терен е и министерот за здравство Венко Филипче, а таму е и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која во кратката изјава рече дека исто така нема...

Continue reading

Пациентка предизвикала пожар во ковид болница во Бугарија

Post Views: 9 Пациентка предизвика пожар во Одделот за ковид во болницата во Русе, јавија бугарските електронски медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Софија, пациентката била приклучена на двоен извор на кислород, но ја симнала маската од лицето и со запалка почнала да бара предмет што и паднал вечерта под нејзиниот кревет. Близината на огнот до кислородот ја запалил маската и предизвикал пожар. Само поради брзата и соодветна реакција на дежурниот тим, пожарот брзо е локализиран во Одделот за ковид во болницата Русе. Навремената реакција ја помогнала и самата пациентка, која...

Continue reading

Ковид пациенти ја преполнија Модуларната болница во Струга

Post Views: 16 Се наполни модуларната болница во Струга. 32 лица се хоспитализирани, останаа уште три слободни кревети. 22 пациенти се на кислородна поддршка, а најмладиот има 38 години. Седум од хоспитализираните биле вакцинирани со две дози, но тие се постабилни и со полесна клиничка слика. Кадровскиот потенцијал добро се менаџира, имаме распоред, ротираат. Имаме еден инфектолог, седум интернисти но имаме зајакнување од специјализанти кои што се вратени и се вклучени во справување со ситуацијата – вели Арменд Арслани. Се прават подготовки и интерното одделение во струшката...

Continue reading

Лекари од скопската Клиника на позајмица за Детското одделение во Општата болница Охрид

Post Views: 0 Недостигот на лекарски кадар на Одделението за детски болести при Општата болница во Охрид привремено ќе се решава со позајмица на двајца педијатри од Клиниката за детски болести во Скопје. Тоа го најави министерот за здравство, Венко Филипче, при посетата на Охрид, појаснувајќи дека најавената ротација ќе биде спроведена откако ќе бидат изгласани измените на Законот за здравствена заштита што ќе овозможат лекарите од сите установи да работат насекаде низ државата. Инаку, одделението за педијатрија во Охрид моментално работи со скратено работно време поради недостиг...

Continue reading

Пожар во болница во Романија, најмалку 9 жртви

Post Views: 3 Најмалку девет жртви во пожарот во болницата за инфективни болести во романскиот град Констанца, пренесува АП.  Во тек е евакуација на пациентите и персоналот од болницата за инфективни болести во Констанца.  Потврдуваме дека има мртви – соопшти Министерството за здравство. Во соопштението се додава дека во болницата биле сместени 113 пациенти, од кои десет на интензивна нега. Во Романија, која е членка на ЕУ, живеат 19 милиони жители. Во земјата имаше уште два смртоносни пожари во болници во последната година, што предизвика загриженост дека болничката инфраструктура...

Continue reading

Изведен сложен гинеколошки зафат на одделот за гинекологија и акушерство при Општа Болница Охрид

Post Views: 2 На одделот за гинекологија и акушерство при Општа Болница Охрид, беше изведен сложен гинеколошки зафат на абдоминална хистеректомија со билатерална салпинго – офоректомија, кај пациентка со двојни мочоводи. Утерусот кај пациентката беше енормно наголемен и целосно туморозно променет. Пациентката пред повеќе од 20 години имала царски рез при што дополнително го комплицираше случајот.Предоперативно, за овозможување на сигурно изведување на оперативниот зафат, беа поставени уретрални сонди. Оперативниот тим беше предводен од Спец. Др Мимоза Влаши и Спец. Др Горан...

Continue reading

Започна со работа модуларната болница во Струга

Post Views: 6 Во модуларната болница во Струга моментално се сместени  11 ковид пациенти и има централен довод на кислород.  Дополнително 13  болни од корона се лекуваат на Интерното одделение во струшката болница,   кое функционира како ковид  1 центар. Половината од пациентите се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.  „Повеќето од пациетите се на 60 годишна возраст во двата ковид центри кои што хоспитализирани.  Со потешка клиничка слика имаме двајца пациенти за кои што веќе се преземени и други мерки за справување“, Арменд Арслани директор на Општа болница Струга. Во...

Continue reading

Пожар во болницата во Тетово

Во пожарот во тетовската модуларна болница не загинаа 30, туку 14 лица

Post Views: 15 Откако во Тетово избувна пожар, во кој до темел изгоре ковид центарот сместен во модуларната болница и откако стана јасно дека во трагичниот настан има и починати граѓани, медиумите почнаа да лицитираат со неточни бројки на починати што предизвика паника кај граѓаните и семејствата. Медиумот Точка објави дека меѓу починатите имало и медицински персонал, што не е точно. Истиот медиум во своето првично информирање посочи дека имало 30 жртви на пожарот, иако официјалните бројки на Министерството за здравство вечерта беа 10 лица, а утредента 14 лица, чии тела беа пренесени...

Continue reading

Нема помош од државата за ангажирање педијатри на детското одделение во Охрид

Post Views: 1 Охридската Општа болница не доби педијатри за да продолжи со работа детското одделение иако помош за надминување на проблемот беше најавена од ресорното министерство. Потребно е засилување на лекарскиот тим со најмалку двајца педијатри за да функционира болничкиот оддел, а охриѓанчињата да не се препраќаат на одделот во струшката Општа болница, вели директорот Горан Балески. Нема промени на детското одделение. Има само амбулантска служба, а во вечерните часови пациентите одат на детското одделение во струшката Општа болница. Немаме добиено помош нас ни треба педијатар...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top