Ознака: болница

slika

Кој ја постави контроверзната слика во Општа болница?

Post Views: 4 Контроверзната слика која вчера се најде на огласната табла во управната зграда на Општата болница на која раководството на СДСМ беше прикажано во нацистичка униформа, ги крена на нозе раководните лица на оваа установа. На денешната прес конференција тие целосно се оградија од поставувањето на сликата. Велат дека тоа е конструкција на СДСМ и Локалната самоуправа. „Постојаното омаловажување на вработените на Општа болница и менаџерскиот тим, од СДСМ и Локалната самоуправа само покажува до кое дереџе се дојдени како политичка структура.“-рече портпаролот на Општа болница-Д-р...

Continue reading

doktor

Незадоволни пациенти реагираат

Post Views: 14 Докторите на Одделението за уво, нос и грло при Општа болница Охрид, некултурни. Вака  се обвинети докторите Фетах и Беде од ова оделение, во допис од незадоволна пациентка кој деновиве стигна до нашата редакција. Меѓу другото во дописот стои, цитирам;„Премногу бев револтирана за да го премолчам ова и решив да ви пишам. На 21.01.2011 в0 12 и 30 часот бев во оделението за уво, нос и грло. на смена беа доктор Фетах и Др. Беде. Доктор Фетах во моментот беше зафатен со пациенти, па се упатив во празната ординација. Требаше преглед да ми изврши слободниот доктор, во случајов...

Continue reading

proekt za rekonstrukcija

Кој е против современ медицински центар?

Post Views: 1 Повторно изнесени бројни невистини, кои се однесуваат на реновирањето на дел од охридската болница – велат од раководството на оваа здравствена установа. Од тоа дека станува збор за дивоградба, до информации дека работата била стопирана во целост, додаваат отаму. Портпаролот Сашо Василески, кажува дека повеќе од 3 месеци трпат ниски политички удари, како од страна на група доктори, така и од првиот човек на градот, градоначалникот Александар Петрески. Василески потенцира, дека ова е здравствена институција која му служи на народот, а не на партиите. Инаку од раководството...

Continue reading

pedijatrija

Апaртманскиот одел на педијатрија, со првите пациенти

Post Views: 1 Доопремен и подготвен да ги прими првите пациенти, апартманскиот дел на Одделението за педијатрија при Општа болница – Охрид. Општинската организација на Црвениот Крст од Охрид, повторно на дело ја потврди безграничната хуманост. Анета Јовановска од Црвениот Крст, вели дека неколку години наназад оваа организација во своите активности, традиционално организира една спортско рекреативна акција наречена „За посреќно детство“. Токму со средствата собрани преку оваа акција, беа набавени кревети со кои во целост се опреми овој апартмански дел. Началникот на детското одделение,...

Continue reading

Opshta bolnica Ohrid

Пациeнтка со инфицирана рана жртва на лекарско препукување

Post Views: 20 Во Охридската општа болница три часа траела драмата на пациентката  Ленче Атанасоска, која со инфицирана рана на раката требало да прими инфузија. Атанасоска со уреден упат од матичниот лекар била испратена на хируршкото одделение заради тежината на повредата,  да даде мислење специјалист хирург. Хирургот д-р Никола Симоноски како  што тврди Атанасоска ја прегледал и препишал терапија  која требало да ја прими преку инфузија. По укажување на матичната лекарка терапијата  можела  да ја прими само во дневната амбулната при општа болница. Атансоска вели тука и започнал ...

Continue reading

Opshta bolnica

Се` тече според зацртаното

Post Views: 6 Работите со делумната реконструкција на Општа болница Охрид течат редовно според зацртаниот оперативен план на изведувачите. Портпаролот на Општа болница Др. Сашо Василески вели, нивното лобирање до Владата на Р. Македонија и дозволата за реконструкција од страна на Министерството за здравство, дошла во вистинско време. Василески верува дека работите ќе завршат во предвидениот рок. Се очекува дека условите за работа ќе се подобрат со делумната реконструкција на Општа болница Охрид, вели Василески. Исто така, во исчекување е и одлуката на ресорното министерство за тоа...

Continue reading

dijabetes

Компјутерската евиденција стави ред во инсулинската терапија

Post Views: 22 Лицата заболени од дијабетес во моментов се задоволни од снабденоста со инсулинската терапија. Се стави ред по инсулинската криза што беше карактеристична на почетокот од годинава вели Димче Панџак претседател на здружението на охридските дијабетичари. Центарот за дијабетес при Општа болница во јули го реши проблемот со инсулинската терапија. Со компјутерска  евиденција на сите заболени од дијабетес ги одреди поотребните количини за дневна и месечна потреба на пациентите  вели Панџак. Додава дека на овој начин се избегнати гужвите во Центарот и е во многу е олеснета...

Continue reading

Opshta bolnica Ohrid

Проценка на состојбата во Општата болница во Охрид

Post Views: 72 Министерот за здравство Бујар Османи се запозна со вонредната состојба во охридската болница, тој направи увид на моменталната состојба со кадрите, опремата и текот на реконструкцијата на оваа здравствена установа. Согласно новиот концепт за реорганизација на здравството по региони, Министерот за здравство Бујар Османи ги посети болниците и здравствените домови во Кичево, Макеоднски Брод, Охрид и Струга. Цел на посетата е да се согледа состојбата со кадрите, опремата и процесот на реконструкција на дел од оваа здравствена установа во нашиов град. Османи потенцира дека...

Continue reading

mladinski rek. centar

Градот да биде „газда“ на запуштените објекти на крајбрежјето

Post Views: 30 Градоначалникот ја посочува и лошата состојба во која се наоѓа  манастирскиот комлекс Св. Наум. Сето  тоа е резулатат на недефинираната сопствност,  нагласува Петрески. Овој прекрасен простор на охридското крајбрежје исто така остава грда слика. Наместо да го развиваме туризмот оставаме впечаток дека објектите и туристичките комплекси ни се запоставени од негрижа, а како виновник за тоа најчесто прстот е вперен кон градските  власти.Министерот за култура пак, Елизабета Канческа Милевска решавањето на овој проблем го гледа со  завршувањето на процесот на денационализација...

Continue reading

TVM

Охридската болница нема да се сруши туку ќе се реновира

Post Views: 3 Последниве денови се почесто  охриѓани загрижено  се прашуваат што се случува во охридската општа болница. Низ чаршијата кружат гласини  дека дел од  охридската болница ќе се сруши. Чаршијата нагаѓа дека причина се нарушената статика на болницата или откриена бактерија на некое од одделенијата на хирургија, урологија, гинеколгија или уво, грло и нос.  Граѓаните се почесто се прашуваат  и стравуваат каде ќе бидат лекувани.  Директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов ги негира чаршиските муабети. Вели болницата нема да се сруши станува збор само за комплетно зајакнување...

Continue reading

sdsm

Охридскиот СДСМ критикува: болницата на дереџе на селска амбуланта

Post Views: 4 Граѓаните на Охрид не можат да бидат заморчиња на партиската политика на ДПМНЕ и нестручноста на раководниот кадар на Општата Болница во Охрид истакнаа на прес охридските социјалдемократи. Критикуваа дека подолго време од болницата има одлевање на пациенти за лекување во други центри и дека установата е во хаотична состојба. Д-р Ангеле Гиноски член на извршен одбор на СДСМ упати повеќе прашања до раководниот кадар на болницата. Стана збор до кое дреџе е доведена здравствената установа.„Дали Охридската општа болница без адекватна хирургија е сведена на ниво на селска...

Continue reading

policija

Доктори приведени за поткуп

Post Views: 1 Поради основано сомнение дека се сторители на кривичното дело ,,Примање поткуп,, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата Р.М. (1960) и Г.Б. (1969),  двајцата од Охрид. Пријавените, во својство на Специјалисти хирурзи, вработени во Општата болница во Охрид, на 22.03.2010 година, директно од засегнатите родители, побарале 2 000 евра, односно 120.000 денари, со цел да извршат службено дејствие – лекување на малолетно дете. СВР вели дека таквото лекување, тие не смееле да го извршат бидејки со одлука од јануари оваа година, Општата болница донела решение за затворање...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top