Кој е против современ медицински центар?

Повторно изнесени бројни невистини, кои се однесуваат на реновирањето на дел од охридската болница – велат од раководството на оваа здравствена установа.

 |  Крсте Голабовски  | 
proekt za rekonstrukcija
проект за реконструкција

Opshta bolnica OhridПовторно изнесени бројни невистини, кои се однесуваат на реновирањето на дел од охридската болница – велат од раководството на оваа здравствена установа. Од тоа дека станува збор за дивоградба, до информации дека работата била стопирана во целост, додаваат отаму. Портпаролот Сашо Василески, кажува дека повеќе од 3 месеци трпат ниски политички удари, како од страна на група доктори, така и од првиот човек на градот, градоначалникот Александар Петрески. Василески потенцира, дека ова е здравствена институција која му служи на народот, а не на партиите.

proekt za rekonstrukcijaИнаку од раководството велат дека реконструкцијата  на општа болница, треба да заврши за 16 месеци.  Активностите започнаа на 1- ви септември мината година, на кои претходеа детални анализи, па така согласно договорот меѓу владата како инвеститор и Европската унија, која преку кредит го финансира проектот, објектот би требало да биде пуштен во употреба кон крајот на 2011, односно почетокот на 2012 година. Станува збор за проект вреден над 2 милиони евра со кој граѓаните, ќе добијат современ здравствен објект. Активностите околу реконструкцијата на болницата течат според предвидениот план, дециден е порпаролот Василески.

Портпаролот додава дека внатрешните санациони работи се завршени, па сега започнуваат работите на нејзината надворешност, како и сеизмичките зафати кои инвеститорот е должен да ги заврши најдоцна до јануари 2012 година. Паралелно со овие инвестициони зафати, вели Василески преземни се активности за набавка на најсовремена апаратура која, Мiнистерството за здравсто, преку Владата на република Македонија се обврза да ги обезбеди. Вредноста на апаратурара надминува 2 милиони евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top