Охридскиот СДСМ критикува: болницата на дереџе на селска амбуланта

Граѓаните на Охрид не можат да бидат заморчиња на партиската политика на ДПМНЕ и нестручноста на раководниот кадар на Општата Болница во Охрид истакнаа на прес охридските социјалдемократи.

 |  Валентина Неловска  | 
sdsm
сдсм

sdsm OhridГраѓаните на Охрид не можат да бидат заморчиња на партиската политика на ДПМНЕ и нестручноста на раководниот кадар на Општата Болница во Охрид истакнаа на прес охридските социјалдемократи. Критикуваа дека подолго време од болницата има одлевање на пациенти за лекување во други центри и дека установата е во хаотична состојба.
Д-р Ангеле Гиноски член на извршен одбор на СДСМ упати повеќе прашања до раководниот кадар на болницата. Стана збор до кое дреџе е доведена здравствената установа.
„Дали Охридската општа болница без адекватна хирургија е сведена на ниво на селска амбуланта од периодот од пред 50-тина години. Зошто нема  соодветен мониторинг во единиците за интензивна нега на хирургија и гинекологија и зошто болницата има нови долгови од над 500 илјади евра, и зошто должи  120 илјади евра за инсулинска терапија“.
Д-р Гиноски го отвори и прашањето дека раководството не ја почитува законската обврска при исплата  на платите на медицинскиот персонал.
„Зошто, налозите за плата се со една дата, а исплатата се врши 10-тина дена после овие налози и зошто иако денес е шеснаесетти, вработените во болницата се уште, не ја примиле мартовската плата“.
Охридските социјалдемократи  презентираа и информации за случувања во  болницата од типот на  партиски вработувања со договори на дело, а изготвување на листи за технолошки вишоци на персоналот кој не е од партијата,  на која и припаѓа и раководството на болницата. Тие го повикаа директорот Аранудов за работењето на болницата да даде отчет пред охриѓани, а не пред партиите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top