• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Наместо да ги поддржи протестите ОК на ВМРО-ДПМНЕ неаргументирано го напаѓа градоначалникот

Наместо да ги поддржи протестите ОК на ВМРО-ДПМНЕ неаргументирано го напаѓа градоначалникот

Во реакцијата од кабинетот на градоначалникот во врска пресот на Ок на ВМРО-ДПМНЕ стои :  Наместо да ги поддржи утрешните граѓански  протести против уништувањето на охридското јавно здравство , ОК на ВМРО- ДПМНЕ продолжува да го дефокусира вниманието на јавноста и неаргументирано да го напаѓа градоначалникот Александар Петрески.

 |   | 
opstina
opstina

Во реакцијата од кабинетот на градоначалникот во врска пресот на Ок на ВМРО-ДПМНЕ стои :
Наместо да ги поддржи утрешните граѓански  протести против уништувањето на охридското јавно здравство , ОК на ВМРО- ДПМНЕ продолжува да го дефокусира вниманието на јавноста и неаргументирано да го напаѓа градоначалникот Александар Петрески.

Во врска со МЈП „ Проаква“ го посетуваме  ОК на ВМРО- ДПМНЕ и нивниот претседател Атанаско Михаилов, дека неколкупати досега информиравме дека претпријатието нема да се продава. Што се однесува пак до зголемувањето на цената на водата Михаилов знае дека , одлуката за корекција на цената на водата е потпишана уште во 2000- та година од тогашниот министер за финансии и сегашен премиер и лидер на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груески.

Факт е дека  со рушењето на старата зграда на Општата болница, започна и рушењето на охридското јавно здраство. Охриѓани веќе 16 месеци се без одделенијата за хирургија, анестезиологија, урологија, гинекологија и за уво нос и грло. Го потсетуваме ВМРО- ДПМНЕ дека за ваквата состојба виновна е централната власт на чело со нивната партија.

Доколку имаат доблест и чувство за одговорност, Атанаско Михаилов, и членовите на ВМРО- ДПМНЕ , кои исто како и другите граѓаните ги трпат последиците од уништувањето на охридското јавно здраство, треба да излезат на утрешните протести. Наместо тоа, тие ги уценуваат вработените во Општата болница, доколку излезат на протестите, ќе бидат избркани од работа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top