Отворено писмо од медицинските сестри до директорот Арнаудов

Медицинските сестри со Високо образование од ЈЗУ Општа болница-Охрид испратија писмо до Телевизија ТВМ како реакција на изјавите на директорот на Општа болница искажани во прилог за Дневникот од 06.02.2012.

 |   | 
med nurse
med nurse

Мmed nurseедицинските сестри со Високо образование од ЈЗУ Општа болница-Охрид испратија писмо до Телевизија ТВМ како реакција на изјавите на директорот на Општа болница искажани во прилог за Дневникот од 06.02.2012. Во отвореното писмо стои:

Почитуван директоре Г-дин Арнаудов

Ние медицинските сестри со завршена Висока медицинска школа на Универзитетот “Св.Климент Охридски” од Битола, не можеме да го оствариме нашето право за признавање на Високото образование во институцијата во која работиме-Општата болница во Охрид. И покрај нашите барања до надлежните органи во Општата болница, Управниот Одбор и Менаџерскиот тим, за систематизирање на работни места согласно образованието, досега од ваша страна не најдовме на разбирање.

Не сакаме да помислиме дека Општата болница во Охрид, нема потреба од едуциран, професионален и ангажиран медицински персонал, за разлика од останатите здравствени институции од градот (Заводот за кардиологија-Охрид ,Центарот за јавно здравје , Институтот  Св.Еразмо –Охрид, Институт за Нефрологија- Струга и другите), кои веројатно имаат поинаква визија за развојот на здравствениот сектор.

Како професионални медицински работници целосно посветени на работата, игнорантскиот однос кој се применува кон нас, го разбираме како дискриминација на нашата медицинска професија во однос на останатите професии (дообразовани правници, економисти и сл.), за кои во исти услови и во истата организација има можност за напредување. Уште потрагичен е односот на Синдикатот на медицинскиот персонал, кој не само што несака да превзема никаква акција, туку е целосно пасивен и против нашите интереси.

Ако Владата на Р.М повикува на постојана едукација, односно го протежира знаењето и образованието како сила и моќ, тогаш неразбирлив е начинот кој се применува на медицинските сестри од Општата болница во Охрид,  кои се стекнале со Високо образование.

Почитуван директоре Г-дин Арнаудов
Мораме да реагираме на вашата изјавата која вчера на 06.02.2012 год ја дадовте во вестите на ТВМ, со цел правилно да ја информираме пошироката јавност за реалната состојба во нашата болница, односно да се слушне и другата страна.
1. Медицинските сестри во светот кои вчера ги споменавте а ги извршуваат истите и слични, работни задачи како и ние, сите имаат висока мед. школа /односно факултет за сестри.
2. Ние сме околу 15 мед.Сестри со високо образование ( а не 40 како што изјавивте) и уште неколку се при крај на своето школување во гореспоменатата школа. Сите ние не можеме  да сме главни сестри нити имаме афинитети , а што е со нас кои воопшто не сме политички определени.
3. Не е точно дека со покачувањето на платата нашите примања ќе се изедначат со лекарите спецјалисти, со ова ваша изјава ширите нетрпеливост меѓу мед. кадар во болницата. НИЕ НЕ САКАМЕ ДА БИДЕМЕ ЛЕКАРИ  туку рамноправни членови на тимот за нега на болниот. Значи бараме повисок коефициент според колективниот договор што е донесен од самото Министерство за Здравство.
Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и соработка и ќе го оствариме нашето право со што ќе ги мотивираме младите генерации  да го продолжат своето образование и постојано да се едуцираат.

Со почит
Медицински сестри со Високо образование
ЈЗУ Општа болница-Охрид

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top