Општа болница нема систематизација за медицинските сестри со високо образование

Медицинските сестри со завршена висока медицинска школа  се жалат дека охридската општа болница не им ги признава дипломите. Нагласуваат дека во систематизацијата на работни места го нема нивниот профил. Ова го потврдува и директорот на болницата д- р Љубен Арнаудов, кој појаснува дека тоа е став на болничкиот Управен одбор.

 |  Валентина Нелоска  | 
med sestra
med sestra

Медицинските сестри со завршена висока медицинска школа  се жалат дека охридската општа болница не им ги признава дипломите. Нагласуваат дека во систематизацијата на работни места го нема нивниот профил. Ова го потврдува и директорот на болницата д- р Љубен Арнаудов, кој појаснува дека тоа е став на болничкиот Управен одбор. Донесена е одлука  да не се плаќа високото образование се додека не се промени систематизацијата на работни места, вели д-р Арнаудов.
„Во болницата по систематизацијата се плаќа работното место, а не според образованието. Сестрите кои  на работните месат се примени со средна стручна школа земаат плата за тоа работно место, објаснува првиот човек на болницата. Во моментот кога ќе сметаме дека има потреба  од повисок степен на образование според природата на работата тогаш може да свикаме Управен одбор за да се смени работното место од средно, на вишо или високо образование“, појаснува директорот.    
ljuben ArnaudovСо одлука на Управниот одбор, засега во општа болница, високата школа им е платена само на главните медицински сестри, напоменува директорот. Медицинските сестри по завршувањето на школата не обавуваат сложени работни задачи. Во светот тоа е регулирано по основ на тежината и одговорноста на работните задачи што ги извршуваат медицинските сестри со високо образование,  вели Арнаудов.
„Доколку им се признае високата школа нивните плати ќе се изедначат со платите на лекарите специјалисти што од друга страна ќе повлече револт кај нив. Проблемот не е едноставен и  е многу сложен, треба повнимателен пристап, но  последниот збор во оваа ситација сепак треба да го даде Министерсвото за здравство, укажува д-р Арнаудов.  Во некои болници во земјава со систематизацијата на работните места  на медицинските сестри им е признато високото образование. Тоа зависи од финансиската положба на медицинската установа кажува Арнаудов. Во моментов Општата болница Охрид се справува со сериозни финсиски потешкотии и  не може да размислува за нова систематизација, дециден е д-р Арнаудов. Во општа болница Охрид има 40 медицински сестри со завршена висока школа кои ќе чекаат подобро време за признавање на нивното образование.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top