Во Центарот за дијабет има доволни количини инсулин

Деновиве во нашата редакција пристигнаа јавувања од  дијабетичари кои реагираат дека  има недостиг на инсулинска терапија. Станува збор за груба шпекулација со вистинската состојба  демантираат  од Центaрот за дијабет.

 |  Валентина Нелоска  | 
insulin
инсулин

insulinОд Општа болница информираат дека инсулин има доволно за сите пацинети. Снабдувањето се одвива без проблеми. Објаснуваат дека одредени пациенти тешко ги прифаќаат трајните инсулински пенкала наместо досегашните  за еднократна употреба.
Во моментов во Центарот за дијабет се воведува новина. Пацинтите се префрлаат на примена на трајни инсулински пенкала за кои има инсулински патрони. Старите еднократни пенкала веќе не се произведуваат и се воведуваат нови велат интернистите. Со овие пенкала ќе има заштеда на средствата за оваа намена имајќи ги во предвид обидите на министерството за здравство да се заштедат набавките кои воовој ресор се движат над 200 милиони евра. Министерот за здравство Тодоров, неодамна изјави дека се прави виртуелен централен магацин од каде ќе ги следат сите требувања. На тој начин ќе контролираат  како и колку се користат лековите и материјалите кои се набавуваат во болниците во земјава.
Од јули 2010 година во Охридската болница нема никакви проблеми со снабдување на дијабетичарите со инсулин. Изработена е база дата на податоци за секој пациент и инсулин се набавува навреме, велат од Центарот за дијабет. Додаваат дека со тоа е спречена навиката  за создавање на домашни залихи кој резултирал со вештачки недостиг од инсулин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top