„Имаш пет минути? Дарувај крв и спаси нечиј живот“

Под ова мото, денес беше спроведена втората планирана крводарителска акција во организација на  „Црвениот крст“ и одделението за трансфузилогија при Општа болница Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 
krvodaritelska akcija FTU
krvodaritelska akcija FTU

krvodaritelska akcija FTUСтудентите од ФТУ од Охрид денес ја покажаа својата хуманост на дело. Активно се вклучија во крводарителската акција која два пати годишно се спроведува во нивната устанува. Христина Божиновска беше еден од триесетината студенти која хуманиот импулс го спороведе на дело.

Ова инаку е планирана крводарителска акција која се спроведува во оваа образовна установа, а е во организација на  „Црвениот крст“ и одделението за трансфузилогија при Општа болница Охрид објасни Игор Тасески мотиватор за крводарителство при ОО на Црвениот Крст од Охрид. Тој ни објасни и која всушност е неговата задача.

„Како дел од младината на Црвениот Крст, воедно во факултетите и средните училишта ги мотивираме децата да даруваат крв и ги изразуваме бенефитите од крводарителството“ вели Тасески.

krvodaritelska akcija FTUД-р Соња Србакоска, специјалист трансфузилог од одделението за трансфузилогија при Општа болница Охрид, информира дека  соработката со ФТУ е одлича,а резлутат на неа се две крводарителски акции на годишно ниво. Д-р Србакоска задоволна од денес спорведената крводарителска акција.

„ Денешната крводарителска акција е последна за оваа година и како последна со неа го заокружуваме годинешниот план. Оваа крводарителска акција досега околу триесет студенти даруваа крв, повеќето од половината од нив за прв пат даруваат крв“ вели Д-р Србакоска.

Оваа крводарителска акција е за дел од календарските крводарителски акции кои во организација на ОО„Црвен крст“ и одделението за трансфузилогија при Општа болница Охрид, се спроведуваат на териотирјата на Општина Охрид и околината.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top