Ознака: би

mrezi

Ниту многуте запленети мрежи не ги спречуваат рибокрадците

Post Views: 1 Езерската полиција исклучително активна во изминатава година. Со бројка од 1440 запленети рибарски мрежи, 355 килограми на разни видови на риба, 82 жили и 388 блинкери причини и за задоволство, но и сериозна загриженост. Осумте покренати кривични пријави се чини не се доволно. Секоја наредна година повторно и повторно се случуваат кражби на рибниот фонд и оштетување на ендемските видови. Ако се пресмета километражата на запленетите мрежи неколкукратно би се обиколило Охридското езеро, а успешните заплени се чини не го даваат посакуваниот ефект. „Во континуитет се соочуваме...

Continue reading

Jasmina Borizova

Хуманоста на тест

Post Views: 8 Лековите и здравствената подршка се луксуз за 35 годишната Јасмина Борисова од Охрид. Таа пред три години преживеала мозочен удар а година по тоа и шлог. Борисова е самохрана мајка на две малолетни деца. Живее од социјална помош и во нејзиниот дом месечно влегуваат едвај 6 000 денари. Борисова вели дека тешко закрепнала од ударот и сеуште ги трпи последиците од него. Борисова наеднаш изгубила 20 килограми од својата тежина и сега има помалку од 40 килограми. Вели дека сите лекарства кои одат на негативна листа ги прекинала, бидејќи за истите нема средства да си ги купи....

Continue reading

kasarna

Прифатен урбанистичкиот план за касарната

Post Views: 0 Министерството за транспорт и врски даде согласност за урбанистичкиот план на просторот на касарната. Сега на ред се советниците кои веќе на наредната седница ќе  се произнесат за овој комплекс кој се протега на  230.000 квадрати. Градските архитекти тука  испланирале капацитети  кои им недостасуваат на жителите од овој дел на градот. Покрај сместување на   универзитетски и средношколски центар планирана е изградба на амбуланта, црква, трговски и спортски центар најавува раководителот на секторот за урбанизам и просторно планирање, Бранко Арнаудов. „Постојните објекти...

Continue reading

Vasko Vasilevski

Нов директор, нови планови

Post Views: 13 Охридско лето преку цела година, задржување на  рејтингот на фестивалот како и подигнување на имиџот во светски рамки, потпишување на договори со врвни светски фестивали и уметници, се дел од плановите на новиот директор на фестивалот Васко Василески. Тој на денешната прва средба со новинарите најави дека за време на неговиот мандат како директор ќе направи се покрај стандардната програма, да има и програмско освежување на фестивалот што ќе придонесе за негова долговечност зголемување на посетеноста како и придобивање на помладата публика која би го следала фестивалот. „Ќе...

Continue reading

mos

Владата подава рака кон општините

Post Views: 8 Има голем број на позитивни примери за меѓуопштинска соработка, но посебно се истакнува примерот на заедничкиот настап на источниот и североисточниот плански регион. Тие формираат меѓуопштинско претпријатие за управување со цврст отпад со кое ќе аплицираат за европски фондови во висина од околу 80 милиони евра.„УНДП во соработка со Министерството за локална самоуправа веќе има спроведено една активност, да направи едно досие ако може така да се рече на добри практики токму заради тоа што сметаме дека е многу важно да се инспирираат општините да учат од своите колеги....

Continue reading

tehnicko obrazovanie

Резбањето со рам и пилица на часовите, заминува во историјата

Post Views: 8 Техничко образование по европски терк. Благодарение на имплементацијата на ПЕП проектот, сите училишта сега ќе добијат контролни управувачки уреди, едукативен робот и СОЛАР КИТ комплети, со цел да се модернизира наставата по техничко образование. Учениците на О.У. „Григор Прличев“ ги презентираа првите стекнати знаења. „Јас имав изработено модел на стаклена градина, така што сончевата енергија се претвора во механичка работа на вентилаторот за да се одржи одредена температура во стаклената градина. „Денес имаме презентација на вежба со противпожарен аларм, имаме поставено...

Continue reading

srednoskolci

Уште една учебна година ќе помине без екстерното оценување

Post Views: 6 Техничка неподготвеност и серија други недостатоци се причина за неговото неодржување. Но колку е реално оценувањето на учениците со или без екстерното? За да се постигнат максимално реални резултати, ќе се воведува унифициран кодекс на оценување. Најавувано неколку години со ред, екстерното оценување и оваа година сепак нема да се случи. Новиот министер за образование, Панче Кралев, како причина за неодржувањето на екстерното оценување, ја наведе техничката неподготвеност, но директорите на училиштата наведуваат уште серија други недоречености. Училиштата сложни околу...

Continue reading

ljubanista

Љубаништа запоставенo од институциите

Post Views: 0 Љубаништа како погранично туристичко место со 130 постојани жители и околу 320 викендички е привлечно место за живеење. Мештаните, сепак имаат потреба од осовременување на инфарструктурата  и бараат поголемо внимание од локалната и централната власт. Имаат потреба од канализационен систем, пречистителна станица и подобро уредување, вели  секретарот на месната заедница Ѓорѓи Траески. Селскиот Дом на културата изграден од љубаништани во далечната 1948, кој е собиралиште на мештаните, сега бара реконструкција. Проблем е тоа што месните заедници не располагаат со пари и...

Continue reading

fasada

Ситиот на гладниот не му верува

Post Views: 1 Сопствениците на куќите кои се без фасада се ставени пред тешка дилема како да ја завршат последната фаза од изградбата на својот дом во услови на тешка економска криза. Во недостиг на финасии сега се растргнати меѓу високите казни од кои боли глава и своите можности за да ја завршат и обојат надворешноста на својот дом.    Раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски вели дека засега немаат точна цифра на нефасадирани објекти во Охрид. Нивните сознанија се дека повеќето нефасадираните објекти се во руралните средини, а во градот нивната бројка е помала.Во...

Continue reading

teatar

Континуиран репертоар

Post Views: 8 Тоа е стратегијата на Охридски народен театар за перодиот кој претстои, вели Горан Стојаноски, првиот човек на оваа неодамна формирана културна установа. Последниве неколку саботи, покажуваат дека интересот за театарот во градов, не се намалува, туку напротив добива на интензитет. Наскоро пред гладната за театар охридска публика, од театарот најавуваат уште две премиери. Едната ќе биде изненадување за најмладите.„Нашата стратегија е следна, ние нема да гостуваме зошто нема фестивали во Македонија до крајот на годината, но подготвуваме уште две претстави, едната претстава...

Continue reading

Petreski

Старо-нови директори

Post Views: 1 Двајца директори на охридските основни училишта поднесоа оставка. Ова се случи на само неколку дена пред истекот на мандатот на директорите во О.У. „Христо Узунов“, „Григор Прличев“, „Братство Единство“ и „Св. Климент Охридски“. Деновиве темата околу изборот на директорските позиции во основните училишта е се поактуелна, но и поинтригантна. Многу имиња се испреплетија како можни кандидати за да седнат во директорските фотељи, но ако по утрото се познава денот по се изгледа училиштата ќе имаат старо нови директори. Петрески изнајде модел за да ги зачува според него најуспешните...

Continue reading

трка

Се тресе третиот ешалон

Post Views: 10 Истечен е и мандатот на директорот на Хидробиолошкиот завод на Охрид, Гоце Костоски. Оваа природно научна установа скоро две недели остана без потписник. Како можен кадар кој ќе го замени Костоски според наши блиски извори е д-р Сузана Патчева, но за тоа допрва треба да одлучи Научниот совет при Министерството за наука и образование под чии што ресор спаѓа оваа институција. Исто така за нецел месец истекува мандатот и на првиот човек на НП „Галичица“, Зоран Ангелоски, кој пак отпочна капителни проекти за да го заживее паркот. Дали Ангелоски ќе продолжи да директорува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top