Ознака: би

aci badem

Ќе се гради голем клинички ценатар во Охрид

Post Views: 5 Градоначалникот Александар Петрески открива дека  повеќе сопственици на болници од Турција предводени од АЦИ Бадем, се видно заинтересирани за инвестиција во Охрид. „На неколкуте средби со инвеститорите Разговаравме и со Министерот за транспорт и врски и со бирото за инвестиции каде работи нашиот сограѓанин Виктор Мизо и заеднички се договоривме во Охрид да се гради клинички ценатр во кој би се вработиле од 200 до 250 лица“, вели градоначалникот. „ Инвестицијата би чинела над 40 милиони евра, локацијата  е веднаш до специјалната болница за оропедија и трауматологија...

Continue reading

gliseri

Што треба да се случи за конечно да научиме?

Post Views: 2 Пред една година поради невнимание и неправилно налевање на гориво во пловен објект дојде до опожарување на еден  глисер во каналот „Студенчишта“.Катастрофата беше за влакно избегната. Само пред два дена, во водите на Охридското Езеро, повторно се запали глисер, кога исто така само поради чиста среќа, патниците извлекоа живи глави. Неофицијалните информации за тоа дека истиот ден глисерот бил сервисиран во Центарот за обука на вода, од Министерството за Одбрана ги отфрлија како шпекулации. Полковник Мирче Ѓоргоски, во телефонски разговор не информира дека станува збор...

Continue reading

edrilici

Илинденската едриличарска регата-магнет за туристите

Post Views: 1 Охрид изобилува со културни случувања во летниот период. Од концерти, до фестивали и изложби, но почнувајќи од вчера вниманието посебно го привлекува традиционалната Илинденска едриличарска регата. Со бројните меѓународни натпреварувачи, регатата покрај својот рекреативен и спортски карактер, нуди и одлични можности за промоција на Охрид, надвор од границите на земјата. Од вчера, во водите на Охридското Езеро започна 43то издание на традиционалната Илинденска едриличарска регата. Охрид најчесто го понесува епитетот „град на културата“, но Илинденската регата нуди одлична...

Continue reading

Ништо од очекуваното

Post Views: 1 Состанокот на Локалната со државните инспектори, од кој јавноста очекуваше да се расправа за работното време и буката која се создава на плажите, се заврте во друга насока, кон урбаната опрема. Инспекциските служби седнаа на иста маса. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески, на денешниот состанок со државниот и општинскиот инспекторат побара заедничко делување за справување со негативните појави во градов за време на туристичката сезона. Иако јавноста денес очекуваше одговор и решавање на проблемот со бучавоста која произлегува од објектите на плажите, главен акцент...

Continue reading

Кој кому мачка очи?

Post Views: 0 На 36-тата седница на Советот на општина Охрид закажана за утре, советниците треба да се изјаснат за Предлог-одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти. Во образложената Предлог-одлука за продолжено работно време, јасно е прецизирано во кои денови би се работело со продолжено работно време. Имено, од 150-тина дена до крајот на годинава, од Локалната предлагаат 76 дена да се работи со продолжено работно време, при тоа не образложувајќи по кој принцип се избрани деновите кога угостителските работници би работеле подолго од нормалното. Само...

Continue reading

Да се продолжи или не?

Post Views: 81 Продолжувањето на работното време на угостителските објекти редовно предизвикува сериозни реакции, кои се најизразени од страна на жителите на стариот дел на градот. Иако оваа летна туристичка сезона започна без најава за ваква промена и сите мислеа дека барем ова лето ќе помине без продолжено работно време на угостителските објекти, Градоначалникот Петрески реши уште некој час плус да ги држи жителите на Охрид будни во ситните саати. Дали неговиот предлог ќе добие зелено светло или не, ќе видиме на 37-та седница на Советот на општина Охрид, закажана за во четврток....

Continue reading

Одделение за заловување на животни

Post Views: 6 На повидок решение на проблемот со животните скитници. Во рамките на Јп „Охридски Комуналец“ формирано Одделение за заловување на животни. Сашо Алче директорот на ЈП, вели дека првично идејата била да се формира привремен меѓуопштински центар кој би бил лоциран во старата ветеринарна станица во Општина Дебрца, кај селото Белчишта, а во чие формирање би учествувале општините Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани. На оваа локација со многу малку зафати би се создале услови како што предвидува Законот за заштита и благосостојба на животните. Во овој центар заловените животни...

Continue reading

biljana platno

Културниот туризам перспектива за целиот Балкан

Post Views: 10 Културен туризам без граници. Можеби сеуште звучи недостижно, но ова е темата на која се дискутираше на денешната средба помеѓу нашиот Факултет за туризам и угостителство и Економскиот факултет од Благоевград-Бугарија. Крајната цел-промовирање на целокупното балканско наследство како еден глобален туристички производ карактеристичен за регионов. Културните рути не познаваат физички и државни граници, тие се движат по линијата на културното наследство. Балканскиот регион изобилува со културно богатство од најразлични периоди, а тоа е богатство со неверојатни сличности...

Continue reading

Petreski so matematicari

Охриѓани главни за математика

Post Views: 1 Охриѓани како создадени за математика. Доказ за тоа се нашите осмоодделенци Теодора Бујароска и Виктор Домазетоски од ОУ Христо Узунов и Григор Прличев кои се вратија со блескави медали од математичката олимпијада во Кипар. Вистински куриозитет е тоа што Теодора и Виктор за да ги освојат овие медали единствено се подготвувале со своите наставници или пак си решавале по дома. Замислете го успехот што би го постигнале доколку со нив би работел цел еден тим кој ќе им помага во нивното учење. Тие денес се сретнаа со градоначалникот Петрески и ги пренесоа своите импресии...

Continue reading

sednica

Советот на град Охрид ја одржа 35-тата седница

Post Views: 6 Летниот режим на сообраќај доби зелено светло од страна на Охридските избраници. Советниците и покрај тоа што го изгласаа, сепак дадоа и предлози што треба да се направи во иднина за трајно решавање на проблемот со статичкиот и динамичкиот сообраќај. „ Во однос на сообраќајниот режим би сакал посебно внимание да се осврни на улицата „Асном“ викана „110“ или „Писта“ каде навечер се случуваат страшни работи поради брзо возење со мотори автомобили имавме несреќен случај пред неколку дена и не би сакале да се повтори тоа. Најмалку би сакале да свикуваме сред лето комеративни...

Continue reading

Sv Naum

Охрид-рај место за развој на еко-туризмот

Post Views: 1 Охридско езеро, чисти, незагадени води, биолошка разновидност. Параметри и услови кои без никаков проблем можат да не одведат до развиен еко-туризам. Поим кој често се експлоатира во секојдневниот говор, но што тој конкретно значи? Еко-туризмот е дел од одржливиот туризам кој нуди еко-дестинации односно туризам во предели кои се одликуваат со посебни карактеристики и е познат по својата едукативна цел. Тој подразбира искачување по планина, параглајдерство, набљудување на птици, фотографирање на интересни предели, но зошто да се избере еко-туризмот пред другите видови? „Сеуште...

Continue reading

Gimnazija

Охридската гимназија најпосакувана за идните средношколци

Post Views: 1 Голем интерес за упис во О.С.У. „Св.Климент Охридски“. Од слободните 440 места во оваа образовна установа, само во првиот дел од јунскиот уписен рок, пријавени околу 370 идни гимназијалци. И тоа, за 12- те слободни гимназиски паралелки, 4-те економски, како и медицинската, која веќе четврта година по ред буди голем интерес кај идните средношколци. Директорот на гимназијата Наум Рилкоски задовлен од текот на уписите, најави неколку олеснителни околности за следните уписни рокови. Директорот Рилкоски, задоволен и од текот на државната матура неодамна спроведена во оваа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top