Што треба да се случи за конечно да научиме?

Колку е стручна грижата за пловните објекти во Охридското Езеро?

 |  Крсте Голабовски  | 
gliseri
глисери во канал

kanal studencistaПред една година поради невнимание и неправилно налевање на гориво во пловен објект дојде до опожарување на еден  глисер во каналот „Студенчишта“.Катастрофата беше за влакно избегната. Само пред два дена, во водите на Охридското Езеро, повторно се запали глисер, кога исто така само поради чиста среќа, патниците извлекоа живи глави.

Неофицијалните информации за тоа дека истиот ден глисерот бил сервисиран во Центарот за обука на вода, од Министерството за Одбрана ги отфрлија како шпекулации.

Полковник Мирче Ѓоргоски, во телефонски разговор не информира дека станува збор за шпекулација, а дека во центарот нема овластено лице кое врши сервис на пловни објекти. Доколку сервис на пловилото бил извршен, тоа било направено само приватно и организирано од страна на сопственикот на пловилото. Го запрашавме и сопственикот на глисерот за тоа дали пловилото било сервисирано во Центарот за обука на вода и од коелице, но тој во краткиот разговор рече дека додека трае истрагата за несреќата, не може да коментира ништо во врска со истата.

Од Министерството додаваат  дека левиот док на каналот Студенчишта се издава на користење, според однапред утврден договор и тоа само на ограничен број субјекти, но дека од Министерството не сносат никаква техничка одговорност за пловилата.

kanal studencistaСе поставува прашањето, до кога за техничката исправност на пловните објекти сместени во каналот Студенчишта ќе се грижат фантомски механичари, со соминтелно познавање на проблематиката на пловните објекти. Сопствениците на пловни објекти велат дека треба да се знае кој сервисира, кој врши поправки и технички преглед, бидејќи во нашата држава постојат такви субјекти кои се овластени тоа да го прават. Славчо Ропчев, долгогодишен сопственик на пловен објект глисер, вели дека ги користи услугите на овластените сервисери, но само кога тие се во градот. Доколку би постоела марина, каде претставниците на овластените сервисери постојано би ги извршувале поправките и техничките прегледи со кои ќе се гарантира исправната состојба на пловилата, се би било полесно.

„Имаме потреба да имаме овластен сервисер…ги има два-три во државава кои имаат лиценци и обучени луѓе за извршување на овие поправки,сервиси и одржување воопшто. Со ситуацијата кај нас, каде имаме прилично стари пловни објекти и сопственици кои сакаат да заштедат на одржувањето на пловните објекти, несаканите резултати се сами видливи“ вели Ропчев.

Пловните објекти во каналот од ден на ден стануваат се побројни.Последните податоци од Капетанијата говорат за бројка од над 170 глисери. Големиот број пловни објекти, секојдневното несоодветно налевање на гориво и нестручното сервисирање на истите се темпирана бомба која може да заврши со голема трагедија. Надлежните, независно што дел од ингеренциите ги има локалната, а дел централната власт, треба што поскоро да реагираат и конечно да сфатат дека изградбата на марина е неопходна за Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top