Љубаништа запоставенo од институциите

Љубаништа како погранично туристичко место со 130 постојани жители и околу 320 викендички е привлечно место за живеење. Мештаните, сепак имаат потреба од осовременување на инфарструктурата  и бараат поголемо внимание од локалната и централната власт.

 |  Валентина Нелоска  | 
ljubanista
ljubanista

ljubanistaЉубаништа како погранично туристичко место со 130 постојани жители и околу 320 викендички е привлечно место за живеење. Мештаните, сепак имаат потреба од осовременување на инфарструктурата  и бараат поголемо внимание од локалната и централната власт. Имаат потреба од канализационен систем, пречистителна станица и подобро уредување, вели  секретарот на месната заедница Ѓорѓи Траески. Селскиот Дом на културата изграден од љубаништани во далечната 1948, кој е собиралиште на мештаните, сега бара реконструкција. Проблем е тоа што месните заедници не располагаат со пари и едвај успеваат  да го одржат објектот да не се  распадне  бидејќи поркивот е пред распаѓање и бара санација бидејќи се распаѓа.  
ljubanistaСекретарот на месната заедница ја нагласува потребата од чистење на плажите како и осветлување на патниот правец кон Св. Наум и граничниот премин за Албанија. Туристите преку лето кои сакаат да пешачат кон манастирскиот комплекс и  островцето се жалат дека патот не е осветлен, кажува Траески. Добро би било патот да биде подобро осветлен и да се остава подобра слика за местото.    
Жителите бараат од Локалната самоуправа и одвојување на пари од општинскиот буџет за расчистување на фудбалскиот стадион. Како месна заедница не располагаме со финасии за да го искосиме и оградиме стадионот кој некогаш беше гордост за љубаништани и беше собиралиште на фудбалерите. Со згаснување на ФК „Граничар“ сега овој спортски објект е обрастен во коров и грмушки.Средувањето на стадионот би ја подобрил сликата кај туристите во лето, а и можеби повторно би заживеал фудбалот, истакнува Траески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top