Хуманоста на тест

Јасмина Борисова е самохрана мајка на две малолитни деца. Таа е корисник на социјална помош, и тешко врзува крај со крај во месецот. Покрај со борбата за егзистенција, таа од пред три години се соочува и со проблем од здравствена природа. Таа не може да издвои средства за магнетна резонанца, која неопходно треба да се направи врз нејзината глава.

 |  Билјана Николоска  | 
Jasmina Borizova
Jasmina Borizova

Лековите и здравствената подршка се луксуз за 35 годишната Јасмина Борисова од Охрид. Таа пред три години преживеала мозочен удар а година по тоа и шлог. Борисова е самохрана мајка на две малолетни деца. Живее од социјална помош и во нејзиниот дом месечно влегуваат едвај 6 000 денари. Борисова вели дека тешко закрепнала од ударот и сеуште ги трпи последиците од него.
Борисова наеднаш изгубила 20 килограми од својата тежина и сега има помалку од 40 килограми. Вели дека сите лекарства кои одат на негативна листа ги прекинала, бидејќи за истите нема средства да си ги купи.
Во моментов на Борисова најповеќе ја тишти потребата од правење на магнетна резонанца врз нејзината глава. Тоа и е повеќе од неопходно заради согледување на последиците од претрпениот мозочен удар и понатамошно лекување доколку се наложи потреба. Борисова вели дека магнетната резонанца би ја чинела 7 000 денари и нема од каде да ги обезбеди бидејќи зема помалку од 6 000 денари средства. Таа тешко дека ќе може да замине и во Скопје за таков преглед, бидејќи вели дека не лесно се отвараат вратите во Државната болница и дека за тоа можеби ќе и требаат дури и денови за престој. И доколку смогне сили да замине за Скопје, нема на кој да ги остави двете малолетни деца, кои пак од неа чекаат да ги испере и нешто да им зготви. Борисова апелира до здравствените институции во градов кои прават ваков вид преглед, доколку можат од хуман аспект да и помогнат како би и симнале еден тежок проблем од грбот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top