Ознака: би

овоски Трпејца

Уништен овоштарник во Трпејца

Post Views: 0 Инцидент во Трпејца. Ристо Климоски остана без својот овоштарник, откако непознати сторители во саботата навечер ги исeкле стеблата од овоштарникот и го отруле кучето кое го чувало  имотот. „Дојдав да ги повадам овошките. Кога видов што ми е направени ми падна токлу тешко по што ги известив одма надлежните. Се јавив во полиција. Штетатат замене е огромна. Милион да ми дадете е малку. Мене не ми беше за пари туку за рекреација. Но тоа што се стори се стори, сега нема што да се прави.Имав и едно куче, убаво големо  и тоа денеска е пцовисано, германски овчар, отруено е“,...

Continue reading

karpos vojvoda

Брзо се вози низ ул. „Карпош Војвода“

Post Views: 1 Брзо се вози низ ул. „Карпош Војвода“. Преминувањето по таа улица, на патот кон  детското игралиште,  контењерите за одлагање смет и до најблиските продавници, претставува секојдневно изложување на опасност. Тука се вози со неприлагодена брзина на условите на патот, а посебна опасност се тешките товарни возила.  Оваа состојба ни ја посочија загрижени родители од ова маало кои сметаат дека под итно надлежните треба да преземат превентивни безбедносни мерки како би се изолирала опасноста од прегазување на пешаците, имајќи предвид дека оваа улица најмногу ја поминуваат...

Continue reading

alga pristaniste

Расцвета зелената кончеста алга

Post Views: 0 Зголемената температура на водата, причина кончестата разгранета зелена алга од род кладофора, интензивно да расцвета. Оваа алга во Охридското езеро претежно ја има на места кои се пооптоварени со фосфор, како што е случај со делот на градското пристаниште. Зелената алга расте прицврстена за камења, карпи или друга цврста подлога, меѓутоа по одредено време и потрага по светлина, одредени нејзини делови се одделуваат од подлогата и на површината на езерото создаваат топчести душеци.  Овие т.н кладофорни топки создаваат непријатна слика, за што многу често се нарекува...

Continue reading

violinist

Музичaри од целиот свет на натпреварот „Охридски бисери“

Post Views: 0 Натпреварот на млади музичари „Охридски бисери“ се ближи кон прекрасно финале. Изминативе неколку дена во импозантниот концертен простор на црквата Света Софија, повеќе од 118 млади музичари од најразлични земји, ги демонстрираа својот талент и музичка умешност. „Охридски бисери“ се одржува по единаесетти пат, а од организациониот одбор се задоволни од досега прикажаното. „Па можам да кажам дека од разговорот со жирито оваа година има еден навистина висок квалитет поготово во А и Ц категорија каде се кршеа копјата кој ќе ја добие првата награда. Би кажал исто и дека...

Continue reading

letter

Отворено писмо до јавноста од охридските пратеници Шокароски и Николоски

Post Views: 1 Почитувани, Би сакале по втор пат да се обратиме на јавноста по повод случувањата во с. Трпејца со диво изградените објекти на крајбрежјето. При нашата посета на селото на 5 мај оваа година бевме запознати дека два објекти се бесправо изградени на самиот брег на езерото, дополнително бевме запознати дека исвеститорот се обидува да го сруши најсветото за жителите на с. Трпејца параклисот и светиот камен којшто со децении преставува свето место за нив. Во таа прилика ја повикавме Општина Охрид согласно своите надлежности делегирани со позитивните законски акти да ги изврши...

Continue reading

ekonomsko

Нова сала, нови соблекувални и кабинет по физичка култура

Post Views: 0 Средното економско училиште ќе се поднови. Од буџетот на Општина Охрид издвоени се 500 000 ден. за реновирање на фискултурната сала, изградба на нови соблекувални и кабинет по физичка култура. Ќе се работи во текот на летниот период за од наесен учениците да добијат сала со нов лик и со оптимални услови за извршување на настава, вели советникот за образование,Серафим Наумоски. Тој објаснува дека и досега општината финансирала во ова училиште, но признава дека тоа не е доволно. Новина е и тоа што ќе се уредува дворната површина во економското училиште. Стручни лица од...

Continue reading

penzi

Пензионерите од село бараат бесплатен превоз до град

Post Views: 0 Секој понеделник бесплатен превоз до градот бараат пензионерите од селските населби од околината на Охрид и од Дебрца. Сакаат бенефиција како и скопските колеги кои веќе една година, еднаш во неделата користат бесплатен градски превоз. Повеќето пензионери од руралните средини од Охрид и Дебрца се со ниски пензии и имаат реална потреба еднаш неделно да дојдат во градот на пазар, на доктор или да купат лекови. Во селата во Дебрца, како и во охридските, нема амбуланти и аптеки, а повеќето жители во своите средини купуваат само основни животни продукти. Од Здружението веќе...

Continue reading

znamenca

IX конгрес на Лајонсите од градови под тврдини

Post Views: 3 Наскоро во Охрид, Деветтиот конгрес на Лајонс клубови од градовите под тврдини .Lion Сашо Василевски – Гувернер на Дистрикт 132 Македонија, вели дека на конгресот ќе учествуваат исклучително моќни и влијателни личности во своите средини, луѓе кои работат за доброто на својата држава. Гувернерот Василески додава дека ова ќе биде исклучителна можност да се влезе во големи проекти, во кои би се вложиле огромни средства но, колку локалната и македонската политичка и бизнис елита ќе го искористи ова, останува да видиме. „Промоцијата е од огромно значење на Охрид како туристичка...

Continue reading

parking

ЈП „Билјанини извори“ конечно ги доби паркинзите во градов

Post Views: 4 Бидна и тоа. Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ги доби паркинзите во Охрид. Ваквата одлука денес беше едногласно изгласана од Советот на општина Охрид. Со тоа, ова јавно претпријатие, по стапувањето на сила на оваа одлука, ќе биде носител на правото на располагање со 12 стари паркинзи низ градот, но и со четири нови од кои два лоцирани во Лагадин, и по еден кај Горица 3 и хотелот Бетон. Сепак директорот на ЈП „Билјанини извори“, Боро Шајн вели дека ќе ги задржат само најпрофитабилните паркинзи. „Ако ние ги задржиме сите паркинзи, тогаш по нашите проценки ќе ни...

Continue reading

ohridski sovet

Седници на мускули

Post Views: 1 После долга и напорна седница, најдобар одмор за сивите мозочни келии е топол туш и кревет. Охридските советници добро се држат на седниците, иако во последно време не ретко се случува да заглават до доцните ноќни саати. Народот вели кога се мора ништо не е тешко, но дали навистина е така. Дел од советниците не кријат и пред камерата на ТВМ признаа, дека долгите седници на Советот се напорни, излегуваат од контекст и не ретко се случува нивната концентрација да е на минимум. „Се губи голема кинцентрација при вака долги седници и неможиш да бидеш концентриран и целосно...

Continue reading

flaer

„Полицајци“ во Охридскиот театар

Post Views: 3 Петта премиера за една година постоење на Охридскиот народен театар. Оваа сабота, со премиерата на претставата „Полицајци“ се заокружува репертоарот на оваа културна установа, која функционира во рамките на Центартот за култура „Григор Прличев“. Раководителот Горан Стојаноски, задоволен од развојот на оваа културна установа. „ Нашата должност е да ја говориме вистината, дури и акот таа не е најприфатлива во одреден моемнт, нашата етичка димензија е важна исто како и нашата естетика. Не може да се ценат уметници кои велат дека им е важна само уметноста. Мора да живееме...

Continue reading

колектор Пештани

Јапонците заинтересирани за Охридскиот колектор

Post Views: 5 Јапонската агенција за меѓународна соработка заинтересирана да и помогне на Македонија. Веќе неколку месеци претставници од оваа агенција го скенираат регионов и собираат информации за можноста за изградба на современа депонија, но и реконструкција и довршување на колекторскиот систем на Охридското езеро.  Се остварија повеќе средби со сите надлежни структури на локално и државно ниво кои се поврзани со работата на колекторскиот систем. Преставникот на Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро, Дејан Паноски е категоричен дека Јапонската влада ќе ги...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top