Нова сала, нови соблекувални и кабинет по физичка култура

Средното економско училиште ќе се реновира. За осовременување на училниците се чека барање од Гимназијата Св. Климент Охридски до Локалната самоуправа

 |  Јаковлева Лионела  | 
ekonomsko
економско

Средното економско училиште ќе се поднови. Од буџетот на Општина Охрид издвоени се 500 000 ден. за реновирање на фискултурната сала, изградба на нови соблекувални и кабинет по физичка култура. Ќе се работи во текот на летниот период за од наесен учениците да добијат сала со нов лик и со оптимални услови за извршување на настава, вели советникот за образование,Серафим Наумоски. Тој објаснува дека и досега општината финансирала во ова училиште, но признава дека тоа не е доволно.cesma

Новина е и тоа што ќе се уредува дворната површина во економското училиште. Стручни лица од Локалната извршиле обиколка на дворното место и констатирале дека е повеќе од потребно истото да се уреди.

Вработените во училиштето не се во можност да го уредат затоа ќе го ангажираме ЈП Комуналец да го оплемени дворот, вели Наумоски

И покрај ваквите најави за разубавување на ова средно училиште останува фактот дека речиси 400 ученици сеуште учат во истите услови како од пред триесетина години. Не е редок случај во клупите во кои што учели родителите сега да учат и нивните деца. Час поскоро треба да се осовремени и внатрешноста на училиштето. Наумоски објаснува дека чекаат барање од Гимназијата Св. Климент Охридски за да може Локалната да издвои пари за уредување на училниците.

Инаку постарите генерации се сеќаваат дека некогаш ова училиште беше посебен средношколски образовен центар  „Мите Богоески“. Сега само бистата во дворот потсетува на тоа време. Пред неколку години имаше иницијатива економското училиште повторно да стане посебен правен субјект, но од Локалната објаснуваат дека таа била одбиена од Министерството за образование. Од таму додаваат дека ваквите инфраструктурни проблеми полесно би се решавале доколку ова училиште би функционирало самостојно и ветија дека ќе ја возобноват иницијативата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top