Ситиот на гладниот не му верува

Сопствениците на куќите кои се без фасада се ставени пред тешка дилема како да ја завршат последната фаза од изградбата на својот дом во услови на тешка економска криза.

 |  Валентина Нелоска  | 
fasada
fasada

fasadiСопствениците на куќите кои се без фасада се ставени пред тешка дилема како да ја завршат последната фаза од изградбата на својот дом во услови на тешка економска криза. Во недостиг на финасии сега се растргнати меѓу високите казни од кои боли глава и своите можности за да ја завршат и обојат надворешноста на својот дом.    Раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски вели дека засега немаат точна цифра на нефасадирани објекти во Охрид. Нивните сознанија се дека повеќето нефасадираните објекти се во руралните средини, а во градот нивната бројка е помала.Во предвидениот  рок од две години сопствениците требаше да ги фасадираат своите објекти, а тој рок  измина појаснува Танасоски. Сега за непослушните сопственици ќе следуваат   високи глоби од околу 2000 евра во денарска против вредност.
„До ден денес немаме изречено глоба заради познатата економска ситуација, а оваа одредба не се спроведува ни во другите градови пред се заради немање пари на сопствениците на индивидупаните семејни куќи, кажува Танасоски“.
Обврска на инвеститорите е да ја завршат започната градба за година до две со се изградба на фасадата. Законодавецот не направил исклучоци на стари и нови градби туку сите мора да ја исполнат таа законска обврска. Правниците, пак  ја толкуваат  таа одредба како     повреда на законот. Велат се поставува прашање дали може овој закон да важи и за објектите кои се изградени пред неговото донесување. Досега овој законот никој не го оспорил пред Уставниот суд. Граѓаните сега се растргнати помеѓу одлуката на државата нивните домови  да имаат  убав надворешен изглед и да не го нагрдуваат изгледот на градот, но и сопствената финасиска немоќ како да обезбедат дополнително пари за фасада во услови на тешка економска криза.
Танасоски свесен за еконоската криза, висината на казната ,а од друга страна финсиската  беспомошноста на дел од граѓаните смета дека некој  треба да им помогне.
„Добро би било да се формира некој фонд на ниво на држава или на Локална самоуправа. Со тоа би им се помогнало на лицата кои немаат пари за фасада и  нити еден член од семејството не е вработен. Друга опција би била долгорочен кредит со многу ниски камати, предлага Танасоски“.
Досега охридскиот инспекторат изрекол 18 писмени опомени до сопствениците на нефасадирани објекти. Осумина од  опоменатите сопственици живеат во странство.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top