Резбањето со рам и пилица на часовите, заминува во историјата

Отсега во основните училишта, современа настава по техничко образование која може да се носи со наставата во сите светски и европски училишта.

 |  Крсте Голабовски  | 
tehnicko obrazovanie
tehnicko obrazovanie

Техничко образование по европски терк. Благодарение на имплементацијата на ПЕП проектот, сите училишта сега ќе добијат контролни управувачки уреди, едукативен робот и СОЛАР КИТ комплети, со цел да се модернизира наставата по техничко образование. Учениците на О.У. „Григор Прличев“ ги презентираа првите стекнати знаења.

„Јас имав изработено модел на стаклена градина, така што сончевата енергија се претвора во механичка работа на вентилаторот за да се одржи одредена температура во стаклената градина. „Денес имаме презентација на вежба со противпожарен аларм, имаме поставено топлотен сензор во една куќа, кој реагира на топлина и кога ќе се загрее автоматски би се вклучил алармот во против-пожарната единица, така да доколку би имало пожар би можело навремено да се интервенира.“, објаснуваат осмооделенците.
tehnicko obrazovanie
Интересот кај децата е многу голем, веќе една година се работи со нови нагледни средства, но работиме и со нов пристап кон наставата кој се менува во целост, вели Ристеска Цветанка  професор по Техничко образование во О.У. „Григор Прличев“.

„ Целта на сето ова е да се разбие она мислење дека техничкото образование е резбање со рам и пилица, ковање, сечење лим и слично.Тоа беа активности кои не се лоши, меѓутоа останаа во едно време кога ние учевме,  а сега како што напредува техниката многу брзо, посебно електорниката, автоматиката, роботиката, ПЕП на кои во оваа прилика им искажувам огромна благодарност, ги опремуваат нашите кабинети со такви модерни нагледни средства“ објаснува професорката Ристеска.

tehnicko obrazovanie„Станува збор за настава во која доминира активност на учениците, проблемска настава, учење преку истражување и дизјанирање самостојно креирање што ги прави учениците навистина задоволни, додава професорката Ристевска. Денешната регионална средба со директорите е продолжение на ПЕП проектот во кој учествува О.У. Григор Прличев“ како единствено училиште во регионот, за да сега во него учествуваат сите училишта.Училиштата ќе добијат контролни управувачки уреди, едукативен робот и СОЛАР КИТ комплети, со цел да се модернизира наставата по техничко образование.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top