Ниту многуте запленети мрежи не ги спречуваат рибокрадците

8 кривични пријави и 1440 запленети рибарски мрежи. Езерската полиција изминатава година со полни раце работа. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска за овој проблем вели: За жал успешните заплени од страна на полицијата не го дадоа посакуваниот ефект. Рибниот фонд редовно е мета на кражби. Министерката најави и натамошно учество во сузбивањето на овој криминал.

 |  Мишел Наумоски  | 
mrezi
mrezi

Езерската полиција исклучително активна во изминатава година. Со бројка од 1440 запленети рибарски мрежи, 355 килограми на разни видови на риба, 82 жили и 388 блинкери причини и за задоволство, но и сериозна загриженост. Осумте покренати кривични пријави се чини не се доволно. Секоја наредна година повторно и повторно се случуваат кражби на рибниот фонд и оштетување на ендемските видови. Ако се пресмета километражата на запленетите мрежи неколкукратно би се обиколило Охридското езеро, а успешните заплени се чини не го даваат посакуваниот ефект.

„Во континуитет се соочуваме јас би рекла со неодговорно однесување бидејќи уништувањето на рибниот фонд не е само профит, не е само недозволен риболов туку е неповратен процес на уништување на она што го прави Охридското езеро, Охридското крајбрежје и целиот овој регион посебен и она што е причина тој да биде различен и издвоен како природна реткост. Токму затоа сметам дека сите ние на оној начин на кој можеме тоа да го правиме, треба да интервенираме за да се подигне свеста за потребата да се зачува ендемскиот карактер на видовите кои живеат во Охридското езеро.“-рече Гордана Јанкуловска-Министер за внатрешни работи.

JankuloskaМинистерката Јанкуловска додава дека е откако ќе се склучат договорите со трите концесионери потребно е да се воспостави механизам на мониторинг за исполнување на одредбите од договорот. Секако носител на ваквата активност би било Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, но Јанкуловска вели и МВР ќе има своја улога.

„ Со еден интегриран пристап секаде каде што ќе биде потребна наша асистенција или интервенција ќе излеземе во пресрет на потписниците на концесискиот договор бидејќи грижата за Охридското езеро не може и не смее да биде грижа само на потписниците на договорот нити само на полицијата, тоа е грижа и на сите граѓани и на сите институции во таа смисла МВР ќе продолжи со активности кои не се во спротивност со концесискиот договор бидејќи нели преку тој договор се даваат одредени права на концесионерот, а одат во насока на заштита и на рибниот фонд и на заштита на сето она што е природно богатство на Охридското езеро.“-додава министерката.

Во насока на спречување на уништувањето на рибниот фонд, денес во рамките на Езерската полиција Министерката Јанкуловска присуствуваше и на палењето на поголем број запленети рибарски мрежи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top