Ознака: Михаилов

pres

Нова лавина обвинувања кон Петрески

Post Views: 2 Напад на семејниот буџет. Ова е сублимиран израз на претседателот на ОК ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, во врска низата поскапувања на комуналните услуги и водата во градов. И се тоа како вина го препиша на самоволието на градоначалникот Александар Петрески. Според Михаилов, Петрески прави очајнички напори да ја дефокусира јавноста во Охрид од кашата која ја готви и кој се токми да го сокрие скандалозното продавање на Проаква.Михаилов потенцира дека тие очекуваат интензивирање на работите околу реконструкцијата на болницата и дека чекањето и неизвесноста ќе им се исплати...

Continue reading

прес

Поскапувањето на комуналните услуги срамна одлука на коалиционите партнери, реагира ОК ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 4 OK на Вмро Дпмне и советничката група на оваа парија  со реакција на вчерашната одлука за поскапување на комуналните услуги од страна на мнозинството во Советот. Поскапувањето на водата за 20 посто е срамна одлука на коалиционите партнери. Со оваа одлука директно се удира по семејниот буџет на  граѓаните, рече претседателот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов на денешната прес- конференција. Од дневниот ред успеавме да издејствуваме да се тргнат точките за зголемување на цената на гробарината и срамниот кредит за ЈП „Нискоградба“, истакна  Михаилов. „Објаснувањата...

Continue reading

pres Atanasko Mihailov

„Градоначалникот Петрески, работи против интересите на граѓаните на Охрид“ обвинуваат од O.K. на ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 0 „Суров напад на Градоначалникот Александар Петрески врз домашните буџети на Охриѓани,“ обвинуваат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Атанаско Михаилов истакна дека Петрески преку Проаква, а со предлог на Советот, сака да изврши зголемување на цената на водата во Охрид дури за 20%. „Неуспехот на водењето на Проаква, отпуштањето на работниците,хавариите во системот, сакаат да ги покријат со удар по џебот на граѓаните од 20%.Охрид и досега плаќаше една од најскапите  цени за вода по кубик, а со ова зголемување тоа ќе биде и убедливо највисока цена. Причини, неспособноста...

Continue reading

paketcinja

Новогодишна радост за децата од дневниот центар во црквата Св. Ѓорѓија

Post Views: 2 Радост за дечињата со посебни потреби од детскиот центар во црквата Св. Ѓорѓија. Охридскиот градоначалник и советниците им поделија, новогодишни пакетчиња на овие дечиња, со надеж дека ќе измамат насмевки на нивните лица барем за миг. „Времињава се многу тешки, секако дека на секого му е потребна помош, меѓутоа најпотребна помошта им е најранливите групи, а тоа се овие деца. Ние посотојано од самиот почеток гледаме да вложуваме во образованието и за оваа ранлива група на деца. Во услови кога во македонија скоро секаде се затвораа целодневните настави, ние успеавме не...

Continue reading

tomografija

Положен тестот на хуманоста

Post Views: 1 Др. Атанаско Михаилов и Др. Зоран Велјаноски во договор помеѓу нив го направија прегледот, кој и беше неопходен на Јасмина Борисова. Во средата во дневникот на ТВМ, Јасмина Борисова, самохрана мајка на две малолетни деца, преку нашиот медиум се обрати за помош до здравствените институции во градов, за преглед на главата со магнетна резонанца. Нејзиниот апел очигледно предизвика експресна реакција. Во Дијагностичкиот центар – Охрид, направена е магнетна резонанца врз нејзината глава, што беше неопходен преглед за нејзино понатамошно лекувањe. „Сме помагале и ќе помагаме...

Continue reading

Svecena Akademija

Врачени Наградата и повелбите Св.Климент Охридски

Post Views: 8 Охрид синоќа го одбележа големиот празник, денот на својот заштитник Свети Климент Охридски. Пред голем број присутни гости и почитувачи на делото на великиот Св.Климент Охридски градоначалникот Александар Петрески ги  врачи Наградата и трите повелби. На Свечената академија присуствуваа голем број претставници на  општествено политичкиот живот на градот, но помина без присуството на претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Д-р Михаилов за ТВМ рече дека не присуствувал на свеченоста поради приватни обврски.На доделувањето на наградите не присутвуваа ни ...

Continue reading

Opshtina

Реакција од кабинетот на градоначалникот: Продолжува жртвувањето на Охрид поради интересите на ВМРО- ДПМНЕ

Post Views: 5 Од кабинетот на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески пристигна реакција во врска пресот на ВМРО ДПМНЕ. „Поради личните и партиските интереси на ВМРО- ДПМНЕ, а не на Локалната самоупрва и градоначалникот Александар Петрески, неколку години наназад, Охрид и неговите граѓани се вистинската жртва.Поради политички реваншизам , централната власт на ВМРО- ДПМНЕ , не само што не ги поддржува  туку отворено ги кочи сите проекти на Локалната самоуправа, па затоа бесмислено е првиот човек на ОК на ВМРО- ДПМНЕ  Атанаско Михаилов, вината да ја бара кај друг. Очигледно е...

Continue reading

pres

ВМРО ДПМНЕ реагира поради изгласаните урбанистички решенија

Post Views: 1 ВМРО ДПМНЕ ден по седницата на совет на која беа изгласани осум предлог урбанистички планови, јавно реагира за истите.  „Дводневното манипучирање со советот од страна на мнозинството на советот предводено од СДСМ и Народна, беше да се обидат да сокријат уште еден голем пазар за гласање на урбанистички решенија во Охрид“, истакна претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атансако Михаилов. „Мотивот на СДСМ и Народна и мнозинството во тек на два дена да го сменат мислењето околу гласањето на одредени урбанистички планови за кои на почетоткот глумат дека се наводно против за по...

Continue reading

voda

Водата од градскиот водовод исправна за пиење

Post Views: 10 Место за паника и страв нема смируваат одговорните луѓе од двете институции кои ја контролираат водата за пиење од градскиот водовод,  по зачестените реакации дека водата во охридскиот водовод има сомнителен квалитет. Многу граѓани се жалат дека водата од градскиот водовод во изминативе денови имала чуден мирис. Од МЈП „Проаква“ упатуваат  смирувачки тонови дека водата за пиење од градскиот водовод нема сомнителен квалитет, таа е микробиолошки и бактериолошки исправна вели Владимир Алексиоски , одговорен за испитување на квалитетот на  водата од Проаква.    Мостри за...

Continue reading

doktor

Високите температури виновни за појавата на стомачни вируси

Post Views: 4 Екстремно високите температури никако да ја напуштат земјава. Новиот топлотен бран кој ни доаѓа од Северна Африка причина за се почеста појава на летни вирози и стомачни вируси. Иако не се работи за некои алармантни бројки, сепак лекарите и понатаму апелираат за следење на препораките кои што важат за летниот период. Охриѓани очигледно ги почитуваат. Засега само мал број на пријавени со вакви вирусни заболувања. „На ниво на државата слушаме дека имало поголем број на случаеви посебно во Скопје. Во Охрид отрприлика последните месеци има собрано статистички етероколит...

Continue reading

VMRO-DPMNE

Многу работа и сериозни подоготовки за претстојните локални избори

Post Views: 13 Атанаско Михаилов, Претседателот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека веќе се во тек подготовките за претстојните избори бидејќи, од оваа партија мислат дека на Охрид конечно мора да му се случи политичка промена на локално ниво. Без неа, на Охрид ќе продолжи да му се случува она што му се случува ова лето, а тоа со еден збор кажано е катастрофа, додава Михаилов. Урбаниот хаос, сообраќајниот хаос и хаосот во стариот град се она на кое граѓаните на Охрид најмногу се жалат. Локалната самоуправа и Градоначалникот, ниту можат, ниту умеат, а сега сум сигурен дека ниту сакаат...

Continue reading

opshtina

Градоначалникот не е на летување туку во лов на инвеститори

Post Views: 2 Реакција од кабинетот на градоначалникот во врска изнесеното на денешниот прес на ОК на ВМРО- ДПМНЕ. „ Претседателот на општинската организација на ВМРО- ДПМНЕ , Атанаско Михаилов ,на денешната прес конференција покажа дека има кукавички менталитет , а  нема  речиси никаков политички кредибилитет. Наместо храбро и аргументирано да се соочи со градоначалникот Петрески , тој однова ја користи можноста , првиот човек на Охрид , да го напаѓа тогаш кога е надвор од градот. Претседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ Атанаско Михаилов , нека не очекува дека градоначалникот Петрески...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top