Положен тестот на хуманоста

Др. Атанаско Михаилов и Др. Зоран Велјаноски во договор помеѓу нив го направија прегледот, кој и беше неопходен на Јасмина Борисова.

 |  Билјана Николоска  | 
tomografija
tomografija

Др. Атанаско Михаилов и Др. Зоран Велјаноски во договор помеѓу нив го направија прегледот, кој и беше неопходен на Јасмина Борисова.

Jasmina BorisovaВо средата во дневникот на ТВМ, Јасмина Борисова, самохрана мајка на две малолетни деца, преку нашиот медиум се обрати за помош до здравствените институции во градов, за преглед на главата со магнетна резонанца. Нејзиниот апел очигледно предизвика експресна реакција. Во Дијагностичкиот центар – Охрид, направена е магнетна резонанца врз нејзината глава, што беше неопходен преглед за нејзино понатамошно лекувањe.

„Сме помагале и ќе помагаме колку што се нашите можности, пред се како луѓе, но и професионално“, изјави Др. Атанаско Михаилов.

tomografijaКога најмалку се надеваш, тогаш се остваруваат желбите, вели Јасмина Борисова. Таа додава дека се поминало во најдобар ред и во закажаниот рок. На нејзиното лице се покажа блага насмевка во знак на задоволство и покрај нејзиниот здравствен проблем, а воедно таа искажа и благодарност.
Јасмина Борисова како што веќе информиравме е самохрана мајка на две малолетни деца, која покрај со немаштијата се соочува и со здравствен проблем. Таа од пред три години прележала мозочен удар, па потоа и шлог од што до ден денес ги трпи последиците од тоа. Нејзините средства од социјална помош во износ помалку од 6 000 илјади денари, се сосема малку за да може да ги земе соодветните лекарства бидејќи некои од нив се на негативна листа и се скапи за нејзинито буџет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top