Новогодишна радост за децата од дневниот центар во црквата Св. Ѓорѓија

Охридскиот градоначалник Александар Петрески и советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за момент измамија насмевки на лицата на дечињата од овој центар.

 |  Крсте Голабовски  | 
paketcinja
paketcinja

PetreskiРадост за дечињата со посебни потреби од детскиот центар во црквата Св. Ѓорѓија. Охридскиот градоначалник и советниците им поделија, новогодишни пакетчиња на овие дечиња, со надеж дека ќе измамат насмевки на нивните лица барем за миг.

„Времињава се многу тешки, секако дека на секого му е потребна помош, меѓутоа најпотребна помошта им е најранливите групи, а тоа се овие деца. Ние посотојано од самиот почеток гледаме да вложуваме во образованието и за оваа ранлива група на деца. Во услови кога во македонија скоро секаде се затвораа целодневните настави, ние успеавме не само да не ги затвориме, туку отворивме секаде низ Охрид. Порано имаше една или две, сега има скоро во секое место.“, објасни Петрески.

MihailovОсвен дечињата од овој центар, пакетчиња добија и дечињата со посебни потреби и од  О.У. „Св. Климент Охридски и од О.У „Братство единство“, објасни Петрески. Новогодишни подароци и училишен материјал, им поделија и од О.К на ВМРО-ДПМНЕ, како и од Унијата на жени од оваа партија, посета која како што велат се прави традиционално и е мал обид  за олеснување на нивната секојдневна борба со животот.

„На овие дечиња кои имаат посебна потреба ќе им посакаме, бидејќи природата им создала некаков проблем, ќе им посакаме делод од животот кој го живеат да го живеат поубаво, посреќно, да направиме еден среќен момент во нивниот живот иако секој од нас може да направи на луѓето животот да им биде посреќен“, Вели Михаилов.

Претседателот Михаилов, додаде дека пред Божиќ ќе биде посетена и уште една загрозена категорија граѓани односно социјалните случаи, и додава дека ова ќе биде поттик за сите оние кои имаат повеќе, пред празниците да одделат малку и да помогнат на оние кои воопшто немаат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top