Ознака: Михаилов

vakcini

Во Охрид се бара вакцина повеќе против сезонскиот грип

Post Views: 5   Во Охрид се бара вакцина повеќе против сезонскиот грип. Сите 2100 вакцини кои годинава ги набави Центарот за јавно здравје веќе се потрошени. Директорот Атанаско Михаилов вели дека ќе се потрудат да набават барем уште 200вакцини се во интерес на граѓаните. Зголемениот интерес на граѓаните за вакцинирање се должи на зголемувањето на нивната свест колку тоа е добро за заштита на нивното здравје, вели Михаилов. Вакцинирањето е најбезбеден,, најлесен и наефтин начин на заштита од грип. Вакцината чини 400 ден., а доколку граѓаните заболат од грип ќе ги чини многу повеќе...

Continue reading

ispituvawe

Охрид има квалитетна вода за пиење

Post Views: 12 Обилните дождови кои наврнаа деновиве во Охрид за среќа немаа големо влијание на квалитетот на водата за пиење. Од Центарот за јавно здравје велат дека постојано се вршат контроли како граѓаните не би се довеле во некаква опасност од зарази порадо слаб квалитет на водата. Атанаско Михаилов, директорот на центарот објаснува дека обилните врнежи најмногу влијаат на намалувањето на квалитетот на водата во Билјанините извори. Вообичаените анализи на водата од градскиот водовод се прават секој понеделник. Мостри се земаат од 24 мерни места во градов. Се мери количината на...

Continue reading

vakcinacija

Утре започнува вакцинацијата од сезонски грип

Post Views: 6 Сезоната на грипови сеуште не започнала, но затоа започнува обидот за намалување на бројот на заболени од сезонски грип. Од утре официјално, во Центарот за јавно здравје во Охрид, ќе започне општата имунизација на граѓаните од Охрид, Струга и Дебар. Секоја година се јавува познатата дилема дали воопшто да се прима оваа вакцина и колку е таа корисна. Директорот на Центарот за јавно здравје Д-р Атанаско Михаилов смета дека не постои никаква оправданост за овој сомнеж. „Ако не е корисна оваа вакцина, тогаш Светската здравствена организација и сите здравствени работници...

Continue reading

komarec

Општините треба да спроведат трето доплонително прскање против комарци

Post Views: 3 Оваа препорака доаѓа од вонредната средба на комисијата за заразни болести при министерството за здравство, по двата смртни случаи во земјава од западно нилската треска и неколкуте хоспитализирани пацинети од ова вирусно заболување. Препораките за ново запрашување посебно се однесуваат на општините каде што има дополнителен ризик за развој на ова заболување, во кои спаѓаат Охрид и Струга, затоа што ова се места каде има води, мочуришта, блато, поточно услови за размножување на комарците. Директорот на центарот за јавно здравје Атанаско Михаилов потполно се сложува дека...

Continue reading

vnro dpmne

Кој ќе биде кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ?

Post Views: 12   Остануваат уште три дена за аплицирање за кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ. До први септември треба да бидат поднесени апликациите по што следува нивно разгледување од Извршниот комитет, а оние кои ќе влезат во најтесниот круг ќе имаат разговор во четири очи со претседателот на партијата, Никола Груевски. Многу имиња се вртат како можни кандидати за првата фотеља во Охрид, но четворица од нив се најсигурни, вели претседателот на Општинската организација на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Тој не сакаше да открие за кого точно станува збор, но меѓу...

Continue reading

fontani

Живите води низ Охрид исправни за пиење

Post Views: 6 Живите води или артешките бунари кои ги има на околу 30 -тина локации низ Охрид се исправни за пиење. Граѓаните може спокојно да ја гасат жедта на овие јавни чешми. Но, според Законот за води, водата која не е хлорирана не смее да се користи за широка употреба за пиење. Затоа овие чешми може да се користат само како алтернативен извор иако се бактериолошки и хемиски исправни, напоменува д-р Атанско Михаилов, директор на Центарот јавно здравје. Заради безбедност на граѓаните службите на Центарот вршат постојана контрола, информира д-р Михаилов.„Секој месец, земаме примероци...

Continue reading

Mihailov

ВМРО-ДПМНЕ: Охриѓани ќе го казнат Петрески на локалните

Post Views: 3 Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со прес конференција контра нивните лути ривали градоначалникот Петрески и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенкоски. Тие велат дека денес повторно се воспоставува коалицијата Петрески-Црвенкоски. „Коалицијата Бранко Црвенкоски и Александар Петрески го жртвува Охрид за да ги задоволи интересите само на сопствената тајфа.“-рече претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Со оваа коалиција од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Охрид го доби најголемото понижување. Обвинија дека ова е коалиција која 8 години го истоштува Охрид и финансиски и духовно. „Во...

Continue reading

Leskoec protest

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме решение за проблемот со водата во Лескоец

Post Views: 1 Проблемот со немањето на вода никако да ги напушти лесковчани. Уште едно лето велат во најтоплите денови од годината немаме вода за пиење. Со цел решавање на нивниот долгогодишен проблем формирале и иницијативен одбор за довршување на водоводната но и на канализационата мрежа. Тие ни покажаа и барање кое го доставиле до Министерството за транспорт и врски во кое бараат решавање на нивниот проблем. „Село Лескоец е некаде од 4 до 5000 граѓани меѓутоа вода сеуште немаме. Да не навлегуваме во политика, еден дел од селово има вода, во Скребатска маала, таму се прави, меѓутоа...

Continue reading

topka

Лошо и несфатливо сообраќајно решение

Post Views: 10 „Сообраќајниот режим во Охрид треба да биде во корист на турситите и граѓаните, а не во корист на некои лични математики“, обвинија денес од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Oхрид. Атанаско Михаилов, претседателот на О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид ја обвини Локланата и Градоначалникот дека „Во целиот сообраќаен хаос предизвикан од градење на некакви сообраќајни раскрсници и други лоши сообраќајни решенија , и за шеталиштето кое претставува еден од најубавите делови на Охрид, изнајдено е навистина неразбирливо сообраќајно решение на почетокот на самата туристичка сезона,...

Continue reading

komo

Во Охрид ќе се прска против комарци

Post Views: 6 Наездата од крлежи и се поголемата напаст на глувците и комарците е аларм надлежните институции да стартуваат со мерки за заштита на луѓето од заразни болести кои ги пренесуваат овие инсекти и глодари. Службите од Центарот за јавно здравје и охридската Локална самоуправа веќе се состанале и разговарале за спроведување на мерките за заштита кои произлегуваат од Законот за Јавно здравство. Најави има дека во градот ќе се прска против комарци во два наврати, во мај и јуни, а против глувците во септември. Градоначалникот Александар Петрески нема дилема за преземањето на...

Continue reading

atanasko

За некои успех за некои неуспех

Post Views: 4 Од ОК на ВМРО ДПМНЕ прашуваат дали за успешност СДСМ од Охрид го смета фактот дека  Градоначалникот Петрески и неговите другари од СДСМ во Локалната самоуправа имаат десеттици кривични пријави за незаконско работење во Општината. Дали успех е тоа што Охрид стана тема на потсмев поради изјавите на Градоначалникот и несвесните гласања на советниците од СДСМ и мнозинството. Дали за успешност во СДСМ ги сметаат потрошените над 50 милиони евра од Буџетот на Општина Охрид без ниту една инвестиција во нашиот град. Дали за успешност СДСМ го смета новонапревениот долг од оваа...

Continue reading

mihailov

Михаилов во домот на Размоски

Post Views: 7 Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Михаилов, денес со солзи беше дочекан во домот на Размоски. Домаќинката, 10 години парализирана лежи во кревет и вели дека за прв пат некој се сетил и на нив. Скромни средства од нега на болен влегуваат во нивниот дом и оваа помош за нив беше добредојдена. Не сакаа да коментираат пред нашата камера, поради тешкиот момент и криза во која се наоѓаат, но на претседателот и членовите им изразија голема благодарноат.Михаилов рече дека и годинава традиционално се во посета на семејства на кои им е неопходна помош. „Тоа го правиме навистина...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top