• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Поскапувањето на комуналните услуги срамна одлука на коалиционите партнери, реагира ОК ВМРО ДПМНЕ

Поскапувањето на комуналните услуги срамна одлука на коалиционите партнери, реагира ОК ВМРО ДПМНЕ

OK на Вмро Дпмне и советничката група на оваа парија  со реакција на вчерашната одлука за поскапување на комуналните услуги од страна на мнозинството во Советот. Поскапувањето на водата за 20 посто е срамна одлука на коалиционите партнери. Со оваа одлука директно се удира по семејниот буџет на  граѓаните, рече претседателот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов на денешната прес- конференција.

 |  Валентина Нелоска  | 
прес
прес

OK на Вмро Дпмне и советничката група на оваа парија  со реакција на вчерашната одлука за поскапување на комуналните услуги од страна на мнозинството во Советот. Поскапувањето на водата за 20 посто е срамна одлука на коалиционите партнери. Со оваа одлука директно се удира по семејниот буџет на  граѓаните, рече претседателот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов на денешната прес- конференција. Од дневниот ред успеавме да издејствуваме да се тргнат точките за зголемување на цената на гробарината и срамниот кредит за ЈП „Нискоградба“, истакна  Михаилов.
„Објаснувањата за поскапувањата на цената на водата се ноторна лага и имаат сосем друга позадина. Петрески е седум години градоначалник и зошто досега не ја поскапи водата ако со тоа беше обврзан поради склучени договори, туку тоа го прави сега. Причините се подготовките за продажба на МЈП Проаква, кои градоначалникот ги прави заедно со колегата од општина Струга за продажба на приватен партнер со тоа што ќе му овозможат за 20% поскапа вода, отпуштање на вработените во јавното претпријатие како идниот партнер би можел да избира со кого ќе работи. Ова е класична форма на договарање против интересите на граѓаните“, рече Михаилов.

Претседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, потенцира дека  лажни се и објаснувањата за поскапувањето на цената за одведување на отпадни води.

прес„Причината е иста како и за ЈП Проаква – подготовки за продажба и покривање на трошоците кои ги прави менаџментот на јавното претпријатие за потрошени средства за репрезантација и мобилна телефонија. Петрески и неспособните директори, својата неспособност сакаат да ја покриваат со пари од граѓаните“, рече Михаилов. Тој  прашува зошто пред три години кога  цената на нафтатата се намалила за 30%    не се  намалила и  цената на комуналните услуги за 30%.

Координаторот на советничката група на  Вмро Дпмне,  Дејан Паноски. Паноски  даде објаснување  зошто вчера не ги сослушале  аргументите на мнозинството во Советот  и ја напуштиле седницата.
„Кои аргументи треба да ги чуеме кога 3 години мнозинството во охридскиот совет не дало  аргументи, туку само дига два прсти за секакви одлуки. Локалната самоуправа не излегува со аргументи туку влегува во авантура со поскапувњето на комуналните услуги“, рече Паноски.

Лажна е и политиката  на СДСМ кога излезе со наводен проект за субвенции за економски загрозените граѓани од кризата, а сега наместо  субвенции ги оптоваруваат граѓаните со уште една давачка“, додаде  Паноски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top