ВМРО ДПМНЕ реагира поради изгласаните урбанистички решенија

ВМРО ДПМНЕ ден по седницата на совет на која беа изгласани осум предлог урбанистички планови, јавно реагира за истите.  „Дводневното манипучирање со советот од страна на мнозинството на советот предводено од СДСМ и Народна, беше да се обидат да сокријат уште еден голем пазар за гласање на урбанистички решенија во Охрид“, истакна претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атансако Михаилов.

 |  Татјана Маленкова  | 
pres
pres

ВМРО ДПМНЕ ден по седницата pres Atanasko Mihailovна совет на која беа изгласани осум предлог урбанистички планови, јавно реагира за истите.  „Дводневното манипучирање со советот од страна на мнозинството на советот предводено од СДСМ и Народна, беше да се обидат да сокријат уште еден голем пазар за гласање на урбанистички решенија во Охрид“, истакна претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атансако Михаилов.

„Мотивот на СДСМ и Народна и мнозинството во тек на два дена да го сменат мислењето околу гласањето на одредени урбанистички планови за кои на почетоткот глумат дека се наводно против за по два дена да гласаат „За“ и истите урбанистички планови е од интерес. Мотивот советниците на СДСМ и народна и мнозинството пред еден месец да ја напушатат седницата заради одредени урбанистички планови, а сега за истите да гласаат ЗА, е чисто пазарење. Мотивот да се отворат прашања за кои советот нема надлежности е само покритие за добивање на време за пазарење со интересите на Охрид и сето тоа под диригенска палка на градоначалникот Петрески  како главен организатор на урбанистичката берза во Охрид“, истакна претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атансако Михаилов.

Михаилов додаде дека наместо со манипулација на јавноста, локалната и градоначалникот јавно да одговори за негативниот ревизорскиот извештај. „бараме да се одговори каде се парите на граѓаните од Охрид од паркинзите, комуналните такси,  плаќањата надвор од законските норми, но наместо за ова се отвораат теми за кои граѓаните веќе добија одговори. Наместо да се дефокусира јавноста со поставување на рампи на влезовите од Охрид и цела недела со разни настани се манипулира јавноста, треба конечно да се дадат одговори, Каде одат парите на граѓаните на охрид и до каде оди пазарењето на сметка на Охрид“, додаде Михаилов.

„ Ставот на ОК на ВМРО ДПМНЕ по однос на Урбанистичките планови е кристално јасен.  Урбанистичките планови кои засегаат во нарушувањето на централното градско јадро и нарушувањето на крајбрежниот појас со огромни габарити се недозволиви и затоа ВМРО ДПМНЕ е единствена по однос на тоа прашање и за нив се изјаснува против и во советот и во јавноста. Одлуките за нарушувањрто треба јасно да се каже дека ги донело мнозинството на советот составено од СДСМ , Народна и коалиционите партнери, а не советот на градот Охрид во целина“, вели Михаилов.

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ потенцираа дека очекуваат дека во  Охрид за многу брзо време ќе и се стави крај на играта предводена од Петреска и СДСМ во Охрид. „Многу брзо ќе се казнат за нивното продавање на Охрид за лични интереси и многу брзо ќе се затвори едно од најцрните поглавија од раководењето на СДСМ и Александар Петрески“, вели претседалот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Михаилов.      

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top