Водата од градскиот водовод исправна за пиење

Место за паника и страв нема смируваат одговорните луѓе од двете институции кои ја контролираат водата за пиење од градскиот водовод,  по зачестените реакации дека водата во охридскиот водовод има сомнителен квалитет.

 |  Валентина Нелоска  | 
voda
voda

vodaМесто за паника и страв нема смируваат одговорните луѓе од двете институции кои ја контролираат водата за пиење од градскиот водовод,  по зачестените реакации дека водата во охридскиот водовод има сомнителен квалитет. Многу граѓани се жалат дека водата од градскиот водовод во изминативе денови имала чуден мирис. Од МЈП „Проаква“ упатуваат  смирувачки тонови дека водата за пиење од градскиот водовод нема сомнителен квалитет, таа е микробиолошки и бактериолошки исправна вели Владимир Алексиоски , одговорен за испитување на квалитетот на  водата од Проаква.    
Мостри за испитување на водата за пиење од градскиот водовод се земаат секојдневно од неколку пунктови по се зачестените реакции на граѓаните вели раководителот на Центарот за јавно здравје, д-р Атанаско Михаилов. Досегашните резултати од испитувањата покажаа дека водата е исправна за пиење, тврди Михаилов.
Контролата на исправноста на водата за пиење на Охрид  е сериозна работа и доколку се случат  било какви проблеми ние ќе ги известиме и институциите и граѓаните нагласува Михаилов. Во моментов сме во секојдневна комуникација со Проаква во контролата на водата за пиење за да не се случи било каков пропуст и проблеми, додава раководителот на Центарот за јавно здравје д-р Михаилов.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top