• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • „Градоначалникот Петрески, работи против интересите на граѓаните на Охрид“ обвинуваат од O.K. на ВМРО-ДПМНЕ

„Градоначалникот Петрески, работи против интересите на граѓаните на Охрид“ обвинуваат од O.K. на ВМРО-ДПМНЕ

Овој пат, тој удира по џебовите на граѓаните, за сметка на полнењето на џебовите на неговата тајфа и лично неговите“, велат од комитетот на ВМРО. Како доказ за тоа, ги посочуваат одлуките на јавните претпријатија за зголемување на неколку комунални давачки.

 |  Крсте Голабовски  | 
pres Atanasko Mihailov
pres Atanasko Mihailov

„Суров напад на Градоначалникот Александар Петрески врз домашните буџети на Охриѓани,“ обвинуваат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Атанаско Михаилов истакна дека Петрески преку Проаква, а со предлог на Советот, сака да изврши зголемување на цената на водата во Охрид дури за 20%.

„Неуспехот на водењето на Проаква, отпуштањето на работниците,хавариите во системот, сакаат да ги покријат со удар по џебот на граѓаните од 20%.Охрид и досега плаќаше една од најскапите  цени за вода по кубик, а со ова зголемување тоа ќе биде и убедливо највисока цена. Причини, неспособноста на менаџментот на ЈП, превработеноста со партиски кадри, која станува неиздржлива и поради хирот на Градоначалникот Петрески“ обвинува Михаилов.

Од ДПМНЕ го осудуваат и најавениот обид за зголемување на цената на отпадните води, само со цел да се покрие неспособноста на менаџерот на ЈП Нискоградба, да раководи со претпријатието кое се соочува со сериозни проблеми.

„Го потсетуваме директорот на Нискоградба дека трошоците на претпријатието ќе беа пониски доколку тој не потрошеше 550.000 денари на мобилна телефонија и стотици илјади на ручеци репрезентации. На овој начин со зголемување на цените тие сакаат всушност граѓаните да им го платат раскошот во нивното живеење“ вели Михаилов.

Од Дпмне го осудија и предлогот за зголемување на цените на ЈП „Комуналец, како и на ЈП „Градски Гробишта“ за предложената нова цена на гробарината од 914 денари годишно, сметајќи дека истата сеуште е превисока. Додаваат дека без реална пресметка на трошоци се оптоваруваат граѓаните со давачка чија висина не е реална.

„Нашиот став тука е познат. Давачката за гробарина не смее да изнесува повеќе од  200 денари годишно и тоа според нас е едниствената оправдана цена на таа услуга.. Се друго е принцип на појривање на сопствената нерентабилност, незнаење и неуспешно владеење со уште едно од новите јавни претпријатија на Општина Охрид“ објаснува претседателот на О.К на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ОК на ДПМНЕ бараат од градоначалникот, овие четири предлог одлуки да бидат повлечени од дневниот ред на претстојната 43-та седница, и додаваат дека ќе ги искористат сите административни и законски инструменти истите да не поминат на седницата на Советот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top