• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Реакција од кабинетот на градоначалникот: Продолжува жртвувањето на Охрид поради интересите на ВМРО- ДПМНЕ

Реакција од кабинетот на градоначалникот: Продолжува жртвувањето на Охрид поради интересите на ВМРО- ДПМНЕ

Од кабинетот на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески пристигна реакција во врска пресот на ВМРО ДПМНЕ.

 |   | 
Opshtina
Opshtina

Од кабинетот на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески пристигна реакција во врска пресот на ВМРО ДПМНЕ.

„Поради личните и партиските интереси на ВМРО- ДПМНЕ, а не на Локалната самоупрва и градоначалникот Александар Петрески, неколку години наназад, Охрид и неговите граѓани се вистинската жртва.Поради политички реваншизам , централната власт на ВМРО- ДПМНЕ , не само што не ги поддржува  туку отворено ги кочи сите проекти на Локалната самоуправа, па затоа бесмислено е првиот човек на ОК на ВМРО- ДПМНЕ  Атанаско Михаилов, вината да ја бара кај друг.

Очигледно е дека Атанаско Михаилов и денеска  ја згрешил адресата за обвинувањата во врска со урбанистичката сфера. Наместо на адреса на градоначалникот Александар Петрески требаше да ги испрати до надлежните органи во централната власт на чие чело е неговата партија ВМРО- ДПМНЕ.
Градоначалникот Александар Петрески и Локалната самоуправа ги почитуваат потребите на граѓаните и носат урбанистички решенија кои секогаш се во согласност со законите. Михаилов треба да знае дека во целата постапка неопходни се многу согласности кои ги издаваат повеќе институции на централната власт.
Навистина дегутантно и политички наивно е дека јавноста ќе поверува во неаргументираните напади на ОК на ВМРО- ДПМНЕ и Атанаско Михаилов, упатени кон градоначалникот Александар Петрески.На сите им е јасно дека со тоа , тој  сака да ја дискредитира личноста на градоначалникот Петрески , а  за себе да извлече лична и политичка  корист.„ -стои во реакцијата од кабинетот на градоначалникот на Општина Охрид,
Александар Петрески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top