Врачени Наградата и повелбите Св.Климент Охридски

Охрид синоќа го одбележа големиот празник, денот на својот заштитник Свети Климент Охридски. Пред голем број присутни гости и почитувачи на делото на великиот Св.Климент Охридски градоначалникот Александар Петрески ги  врачи Наградата и трите повелби.

 |  Валентина Нелоска  | 
Svecena Akademija
Svecena Akademija

Охрид синоќа го одбележа големиот празник, денот на својот заштитник Свети Климент Охридски. Пред голем број присутни гости и почитувачи на делото на великиот Св.Климент Охридски градоначалникот Александар Петрески ги  врачи Наградата и трите повелби. На Свечената академија присуствуваа голем број претставници на  општествено политичкиот живот на градот, но помина без присуството на претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Д-р Михаилов за ТВМ рече дека не присуствувал на свеченоста поради приватни обврски.
На доделувањето на наградите не присутвуваа ни  претставници од советничката група на оваа партија во Локалната самоуправа, а ги немаше ниту охридските пратеници од Вмро Дпмне. Од охридските пратеници единствено беше присутен Митре Велјаноски од СДСМ.
Градоначалникот Петрески во своето кусо обраќање пред присутните потсети на значењето на овој празник кој за градот има посебна важност.  
Трите повелби годинава им припаднаа на Проф. Соња Думбалова Делова, која беше громагласно поздравена од присутните, Димче Каневче претседател на Младинскиот совет и Проф. Д-р Јордан Шикоски.

nagrada Sv Kliment Ohridski

Наградата Св. Климент Охридски, пак му припадна на  Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј.  Владиката од името на добитниците истакна дека е голема чест да се добие награда со името на големиот патрон,  кој е библиски Мојсеј за македонскиот народ.
Академијата  помина во совршено изведена програма во која учествуваа голем број ученици од гимназијата која го носи името на најголемиот учител и светец Св.Климент Охридски Чудотворец. Проф. Наум Рилкоски , директорот на оваа образовна институција ги потенцираше досегашните постигнати резултати кои се остваат како залог за иднината.
На свеченото доделување на наградата и повелбите учениците од ОСУ Св. Климент Охридски изведоа беспрекорна мултимедијална  програма. Во продолжение од лани, годинава беше изведен вториот дел од триологијатата насловена „Огледај во времето -традиции“. Преку филм, музика, пеење и рецитал беше прикажан периодот од укинувањето на Охридската архиепископија до создавањето на современата македонската држава.    Мултимедијалниот проект е дело на тим професори Славе Ѓорго Димоски, Грета Пипиле, Воскресија Љатко, Александар Димоски, Стефан Каневче, Жаклина Лазареска, Љупчо Аслимоски.  Учествуваше и училишниот хор под диригенство на Проф. Александар Димоски, Емилија Ѓореска која настапи соло придружувана од хорот и рецитаторската секција.
Сите тие  потврдија дека меѓу нив има вистински таленти и се идната надеж на својот град.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top