Ознака: Македонија

dete

Среќен 8-ми март!

Post Views: 0 Доколку завршивте со честитање и размена на подароци со колешките и пријателките, да видиме што мајка статистистика вели, за тоа каде ни е жената во општеството. Тешко може да се зборува за нерамноправност помеѓу мажите и жените, зошто од вкупниот број на жители во нашава ни државичка, половината се жени. За тоа колку пак припадничките на понежниот пол од нашиов град се чувствуваат рамноправни, тие со поделено мислење. Едни мислат дека се подобри од мажите, други дека сеуште се нерамноправни и приватно и професионално. Во духот на рамноправноста ги запрашавме и мажите....

Continue reading

saem za turizam Belgrad

Македонија и Охрид на саeм за туризам во Белград

Post Views: 0 Македонија и Охрид излагачи на најголемата туристичка манифестација во Југоисточна Европа, „Бенефитот е тој што сите луѓе кои сакаат да доживеат нешто убаво и квалитетно имаат убава и квалитетна информација преку промоцијата во Српската национална ревија“, информира Вујовиќ. Ваквиот начин на промоција на Охрид доби амин и од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која со свој штанд ја претстави речиси целокупната македонска туристичка понуда на овој саем. Живка Цветкоска – Андоноска информира дека станува збор за четири ко-учесници, ХОТАМ, „Ресторан Острово“,...

Continue reading

juzmeski

Јузмески – најдобар промотор на Македонија за 2011 год

Post Views: 9 Љупчо Јузмески еден од четворицата лауреати на наградата “Најдобар промотор на Македонија”за 2011. Покрај него ова високо признание го добија уште и Симон Трпчески во категоријата уметност и наука, Македонската кошаркарска репрезентација во категоријата дипломатија од добра волја и Александар Богатинов, човекот кој освои најголем број на гласови од јавното гласање кое се спроведе на социјалната мрежа facebook, а траеше четири месеци. Јузмески  восхитен и радосен упати благодарност кон сите кои гласале за него како и на честа што токму тој беше избран од facebook пријателите...

Continue reading

Prlicev

Охрид празнува и достојно ги одбележува „Прличевите беседи“

Post Views: 9 Низа свечености во чест на Великанот на нашата литература – Григор Прличев. 5 ти и 6 ти февруари охриѓани ги одбележуваат „Прличевите Беседи“. За Григор Прличев денеска во името на Друштвто на писателите на Македонија, писателот и општествен деец Видое Видически одржа пригодна реч во која истакна дека големите луѓе се раѓаат, живеат и творат во исклучително тешки времиња. „Нашата преродба немаше да се оствари со таков интензитет без присуството на Григор Прличев, а нашата култура ќе беше посиромашна без достоинствата што ги создадоа „Сердарот“ и Скендербег, додаде...

Continue reading

зима

Екстремно ниските температури овојпат ќе го прескокнат Охрид

Post Views: 6 Дури и временските услови ја сакаат Македонија. Додека во соседните држави владее вонредна состојба поради екстремните температури и високи снежни покривки, кај нас релативно мирно. Само на некои патни правци сообраќајот се одвива отежнато или има забрана за сообраќај на тешки товарни возила. Во Охрид, температурите и натаму се движат во рамки на нормалата. Снег ќе паѓа и во текот на утрешниот ден, но се очекува најниската температура да се движи околу 4тиот степен под нулата. Пониски температури, но и поголеми снежни покривки засега само на повисоките места. „На некои...

Continue reading

sneg

Граѓаните незадоволни од проодноста на oхридските улици

Post Views: 4 Нова снежна покривка го затрупа вчера сработеното. Петнаесетина сантиметри снег им отворија дополнителна работа на надлежните служби. Низ целата држава се работи на расчистување на патните правци. Од Македонија пат добивме информации дека  со исклучок на забраната за тешки моторни возила која важи за патот Маврово-Дебар, превоите Пресека и Ѓавато, како и патот Струга-Ќафасан, воглавно сообраќајниците, се проодни. Сообраќајот се одвива во зимски услови, по коловози со кашест снег. Од Центарот за управување со кризи велат: Во општина Струга сите патни правци што се во...

Continue reading

smoking

Пушиме и гајле си немаме!

Post Views: 0 Она што е забрането, лесно привлекува внимание. Активното пушење во земјава има нагорна линија и покрај сите мерки кои се преземаат за оваа тенденција да запре. Проблемот со пушењето е далекусежен и многу сериозен. Најтешкиот удар го претрпува човековото здравје. Ниту страшните статистики кои велат дека секои 4 од 5 случаи на рак на белите дробови се како последица на пушење, не успеваат да го постигнат потребниот ефект од откажување. Се поалармантни се бројките кои се објавуваат за Македонија, која за жал спаѓа во водечките нации кои се соочуваат со овој проблем.Според...

Continue reading

tutun

Запленети 20 тони тутун за продажба на „црно“

Post Views: 1 Поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – “недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение“, СВР Охрид, поднесе кривична пријава против А.Г.(55) од струшкото село Франгово, Н.К. (46) од Охрид и А.Б.(38) од Поградец-Република Албанија.Пријавените А.Г. и Н.К. во текот на минатата година, против-правно набавиле околу 20 тони ситно сецкан тутун за пушење, кој како акцизна стока подлежи на акциза согласно Законот за акцизи. Со намера целосно или делумно да ги избегнат акцизните давачки, пријавените...

Continue reading

Sv Sava

Денот на Свети Сава по петти јубилеен пат одбележан во Охрид

Post Views: 6 Имено вистинското име на свети Сава е Растко Немањиќ, и е син на Стефан Немања, големиот српски жупан. Стефан му понудил на својот син да биде крал на Србија, но овој го одбил при што избегал во Света Гора каде што се замонашил. Заедно со својот татко го изградиле манастирот Хиландар и таму го добива и своето црковно име Сава. Сава бил првиот српски архиепископ, основал манастири и школи во средновековна Србија. Починал во Велико Трново, во Бугарија. Согласно Законот за празници, Свети Сава е неработен ден за припадниците на српската заедница во Република Македонија....

Continue reading

izlozba

Артерија ја донесе „Невидлива Софија“ во Охрид

Post Views: 7 „Невидлива Софија“ пред Охриѓани. Станува збор за изложба – проект на студентите Елена Героска од Македонија и Стефан Маринов од Бугарија, кои  се студенти по фотографија во Националната академија за театарска и филмска уметност НАТФИЗ во Софија. Изложбата е во организација на Центарот за културен проток “Артерија“. Ова е трето поставување на изложбата „Невидлива Софија“. Истата најпрво била презентирана на неделата за архитектура во Софија – Бугарија, за подоцна истата да биде поставена и во Културно информативниот центар во Скопје. „ Ова е заедничко истражување, проект...

Continue reading

Mojsoski

Хуманитерен календар – подарок за охриѓани од Гоце Мојсоски

Post Views: 13 Охриѓанецот Гоце Мојсоски кој на светскиот избор за  мистер на убавина, го претставуваше Охрид и Македонија, подготви Новогодишно изненадување за охриѓани. Побликува хуманитарен календар, со што ја покажа својата хуманост на дело. Идејата ми беше да допринесам во собирање на средства, а со тоа да им помогнам на луѓето за празнициве да си поминат убаво, вели Мојсоски.„Решив да донирам 100 тина календари во Црвен крст кои подоцна ќе можат да си ги продаваат, а собраните пари да ги оскористат за хуманитарни цели. Цената за календарот ќе си ја одреди Црвениот крст , како...

Continue reading

EMO

Државата ги презема долговите на охридски ЕМО

Post Views: 1 Најреално можно решение за судбината на охридски ЕМО. Македонските пратеници, вчера го усвоија Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во АД ЕМО Охрид. Станува збор за дел од еден поголем пакет кој значи комплетно решавање на состојбата во ЕМО кој чини 7 милиони евра, објаснува пратеникот Александар Николоски. „Во текот на вчерашниот ден Собранието на република Македонија го усвои Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во АД ЕМО Охрид. Ист ваков...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top