Ознака: Македонија

OPM

Средба ОПМ и давателите на јавни услуги

Post Views: 2 На состанокот учествуваа претставници од локалната самоуправа, од јавните претпријатија, инспекциските органи, како и претставници на невладините организации. „Заштита на потрошувачите во доменот на услугите од јавен интерес“ беше тема на трибината што ја организираше Организацијата на потрошувачи на Република Македонија во Охрид. „Во делот на заштитата на потрошувачките права, најголем проблем граѓаните имаат со услугите од јавен интерес, без разлика дали се работи за приватни провајдери или јавни претпријатија на локално и државно ниво“, вели Татјана Тасевска од...

Continue reading

logo

За најдобрите крводарители

Post Views: 9 Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на оптините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид ја поставува на високо рамниште. Потребите од крв и крвни продукти за задоволување на потребите на здравствените установи во нашиот град бараат постојана ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година.Преку соодветна програма на соработка и мотивација на крводарителите за доброволно дарување крв, со организирање на редовни и вонредни крводарителски акции, годината што измина...

Continue reading

avtobus

Групата на „Соединета Македонија“ стои зад инцидентот

Post Views: 1 Синоќа во Охрид испишани грчки автобуси. Туристите си отидоа, партиите реагираат. Синоќа пред хотелот Палас, со спреј испишани три автобуси со грчки национални ознаки.  Оштетувањето на авобусите во СВР Охрид било пријавено синоќа во 20 часот и 15 минути, од страна на нивниот македонски деловен  партнер. Стручните лица при крим-техника од СВР Охрид, по извршен увид на лице место, констатирале оштетување на автобусите, и тоа „впишани недолични зборови со спрејови во разни бои“  и  „напукната шофершајбна на еден од автобусите“. Портпаролот на СВР Охрид за ТВМ потврди,...

Continue reading

Zoran Konjanoski

Министрите за одбрана во Охрид

Post Views: 2 Средбата беше добра можност делегациите на двете држави да разменат мислења за актуелните случувања во регионот.Коњановски и Окета денеска потпишаа билатерален План за соработка. На средбата присуствуваа и високи воени делегации на двете држави, предводени од началниците на генералштабовите на армиите, генерал-потполковникот Мирослав Стојановски и неговиот албански колега, бригадниот генерал Максим Малај. Денешната неформална средба на двата министри е продолжување на средбата од Драч пред два месеци. Коњановски и Окета средбата ја искористија за да разменат мислења...

Continue reading

Nedjat Jakupi

Билатералниот договорот помеѓу РМ и РА од 1956 година застарен

Post Views: 6 Ќе се преиспитува спогодбата со која се регулира испуштањето вода од Охридското езеро за енергетските потреби на Албанија. Двете министерства за животна средина конечно ја увидоа потребата за ревидирање на договорот, склучен во 1956 година од страна на тогашната Југославија и Албанија. „Тој е застарен договор и секако дека нашите луѓе ќе го преиспитаат“, рече македонскиот министер за животна средина, Неџати Јакупи. Со ваквиот став се согласува и неговиот албански колега, министерот Луфтер Џувели, кој изјави дека можно е склучување и на нова спогодба помеѓу двете соседни...

Continue reading

intelektualna sopstvenost

Во Македонија нема заштита на правата на интелектуална сопственост

Post Views: 6 Медиумите кои легално емитуваат програма се на удар од оние кои тоа го прават недозволено, а пиратеријата царува. Експертите сметаат дека само со регионална соработка ќе се стави крај на ваквите појави. Медиумите кои легално емитуваат програма не можат рентабилно да работат поради нелојалната конкуренција за сметка на оние медиуми кои немаат никакво право на емитување на одредени емисии или филмови. Авторите на композициите, продуцентите и многу други секојдневно се сретнуваат со проблемот на незаштитени авторски права. Пиратеријата зема се поголем замав. Се поставува...

Continue reading

atomska energija

Македонија нема повеќе да биде складиште за туѓ радиоактивен отпад

Post Views: 4 Од сега па натаму македонските цариници ќе знаат што да прават со радиоактивниот отпад доколку таков се затекне на царинските терминали. Нема повеќе толеранции за никого, велат од Агенцијата за радиоактивна сигурност. Македонските цариници ќе се учат како да се однесуваат кога на царинските терминали ќе откријат радиоактивен отпад. Досега во вакви ситуации процедурата што се спроведувала била нејасна па поради тоа радиоактивниот отпад и по неколку денови чекал на некој од терминалите. Не беше многу одамна кога камион со радиоактивен отпад се обиде преку Косово да влезе...

Continue reading

samit energetika

Македонија засега не се наоѓа во енергетска криза

Post Views: 2 Доколку за брзо време не се најдат нови енергетски извори Македонија може да ја зафати енергетска криза, велат од Здружението на енергетичарите на Македонија. Треба да направиме се што можеме за да не ни се случи тоа, додаваат од таму. „Македонија не се наоѓа во енергетска криза. Но, доколку за брзо време не се најдат нови енергетски извори тоа може да се случи“, велат од Здружението на енергетичарите на Македонија кои заедно со многу видни гости од Европа и Светот овие денови во Охрид  ќе разговараат на повеќе теми поврзани со енергетиката и новите енергетски извоири....

Continue reading

samit

САД силно ја поддржуваат Македонија на патот кон НАТО

Post Views: 10 Ги охрабрувам Македонија и Грција итно да најдат решение за прашањето  за името, што е во најдобар интерес за двете страни, изјави американскиот секретар за одбрана, Гејтс. САД силно ја поддржуваат Македонија на патот кон НАТО, изјави на сребата со новинарите американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејтс. Исто како вас и ние бевме разочарани кога Македонија во Букурешт не ја доби поканата за членство во алијансата. „Има само еден пат до членство во  НАТО, а тоа е едногласна согласност на сите членки на алијансата. Ситуацијата е компликувана и затоа треба да работиме...

Continue reading

evropska cista Makedonija

Утре се одвива Владината акција „ Заедно за чиста и Европска Македонија “

Post Views: 1    Во текот на утрешниот ден ќе се одвива  владина акција „ Заедно за чиста и Европска Македонија “. Ќе се чисти околината на  Охрид, и патните правци кон Кичево, Буково и Св.Наум. Граѓаните  недоволно информирани, а оние кои чуле за неа ја поздравуваат. Акцијата за чистење на околината ја подржуваат  и охридските советници. Но, некои како Перо Петрески Калимеро  реагираат зошто таа не  е помасовна организирана како што беше акцијата  со садењето на садници.Во акцијата „ Заедно за чиста и Европска Македонија“ на локално ниво е вклучено ЈП „Охридски комуналец “,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top