Tag: Македонија

Од утре нови мерки за влез и излез од Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека на утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести разговарале за воведување дополнителна мерка – за влез и за излез од нашата земја за сите граѓани, наши државјани или странци, да биде барана потврда за примена вакцина, негативен ПЦР-тест или доказ дека ја прележале болеста. За оваа мерка утре дополнително ќе се дискутира и на седница на Влада. Утре ќе се разговара како за мерката, така и за времето, за тајмингот кога ќе биде тоа имплементирано, имајќи предвид дека многу граѓани сега се надвор од земјава – изјави...

Continue reading

Жолта и портокалова фаза денес во Македонија

Времето денеска, како што соопшти Управата за хидрометеоролошки рабови (УХМР), ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степени. УВ индексот ќе достигне 9. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот дел од земјата портокалова фаза за опасност од високи температури. Во Скопје и околината ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната...

Continue reading

МТСП: Денес и утре Македонија е во портокалова фаза

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат. Целата територија на нашата држава, денеска и утре ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза. Општите мерки кои треба да се почитуваат: Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се бремените жени и лицата...

Continue reading

Големо поскапување на горивата во Македонија

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува по 63,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 73, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 75 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,101 денари за килограм се зголемува и малопродажната...

Continue reading

Од први јануари 2023 нема да има граници меѓу Македонија, Србија и Албанија

Балканската регионална иницијатива што досега беше позната како „Мини Шенген” од денеска стана „Отворен Балкан“. Од први јануари 2023 нема да има граници меѓу Македонија, Албанија и Србија и протокот на луѓе ќе биде слободен, договорија премиерите Зоран Заев и Еди Рама и претседателот Александар Вучиќ. Вучиќ, Рама и Заев потпишаа три договори: – Меморандум за разбирање за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки на Западен Балкан – Меморандум за разбирање за соработка за слободен пристап на пазарот на трудот на Западен Балкан – Договор за соработка за заштита од катастрофи...

Continue reading

Кликбејт наслов за укинување на забраната за носење маски во Црна Гора, дезинформира во Македонија

Овој наслов што се споделува на Фејсбук претставува типичен пример на комбинација од „кликбејт“ (clickbait) и недостаток на контекст (missing context). Го измамува читателот кога ќе го види да помисли дека откако ќе кликне ќе добие повеќе информации за укинување на мерката за неносење маска на оторено во Македонија. Но, тоа не е така. Одлуката за која се говори во написот не е донесена во Македонија, туку во Црна Гора. Целиот текст се однесува за епидемиолошката состојба со коронавирусот и мерките донесени за спречување на ширењето на вирусот во Црна Гора. „ЌЕ СЕ ДИШЕ СЛОБОДНО, тргната забраната...

Continue reading

Прво финале за Македонија на ЛОИ

Дејан Гоергивски се пласираше во финалето на Олимписките игри во Токио во таеквондо во категоријата над 80 килограми. Нашиот натпреварувач во полуфиналето го совлада Кјо Дон Ин со 12-6. Во финалето тој ќе се сретне со Владислав Ларин, кој во полуфиналето беше преубедлив против Кинезот Сун со 30-3. Македонецот денеска го победи противникот од Брегот на Слоновата Коска Сејду Гбане со 9-4. Тој претходно утринава, на стартот од турнирот, направи чудо совладувајќи го светскиот првак Алба Кастиљо со 11-8.

Continue reading

Нови 26 случаи на коронавирус во Македонија, нема починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.866 тестирања, а регистрирани се 26 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 13 , Тетово – 5, Гостивар – 3, Кичево – 2 и Куманово, Прилеп и Штип – по 1. Регистрирани сe 8 оздравени пациенти од: Струмица – 3, Куманово и Тетово – по 2 и Скопје – 1. Не се регистрирани починати пациенти. Направени се 2.866 тестови преку: ИЈЗ-83, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-39, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–14, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија...

Continue reading

ЗНАЕЊЕ, ЗАШТИТА И ВРЕДНУВАЊЕ НА СТАРИТЕ УРБАНИ ЈАДРА ВО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

Во овој проект се вклучени 16 градови од трите држави со поддршка на придружни членки: Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура на Албанија, Заедницата на единиците на локална самоуправа, Асоцијацијата на архитекти на Македонија како и професионалци и експерти за културно наследство и урбанизам од земјите учеснички, и тоа следните градови : Франција (6): Ремс (Reims), Кале (Calais), Периге (Périgueux), Елбеф (Elbeuf), Ла Реол, (La Réole) и Болие-Ле-Лош (Beaulieu-lès-Loches) Северна Македонија (8): Битола, Охрид, Штип, Велес, Берово, Куманово, Кратово,...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top