Автор: Габриела Трпческа

struga stanovi

Пораснаа цените на становите во струшко

Post Views: 19 Пораснаа цените на становите во Струга. Еден метар квадратен се движи од 700 до рекордни 1300 евра на поатрактивните локации на брегот на Охридското езеро и кејот на реката Црн Дрим. Најевтините станови, кои денес може да се најдат во постари станбени објекти, се движат од 500 до 700 евра зависно од локацијата. Во последните две години во пандемијата цените на недвижностите во струшко бележат 20% зголемување. Последните две години имаме еден раст на цените до 20 % на становите во Струга. Тоа не е само по желба на градежната индустрија и изведувачите. Тука влијаат...

Continue reading

minimalna_plata

Курсот на денарот е стабилен

Post Views: 11 Kурсот на денарот останува стабилен. Народна банка на Македонија денеска одржа седница на Комитетот за финансиска стабилност. Од таму, преку соопштение информираа дека стабилноста на денарот е гарантирана, како и стабилноста на финансискиот систем, кој е подготвен да одговори на предизвиците што би можеле да произлезат од руско-украинскиот конфликт. Од Народна банка на Македонија уверуваат дека сите финансиски услуги непречено се обезбедуваат и ќе продолжат да се обезбедуваат, во согласност со потребите на граѓаните и бизнис секторот. Надлежните регулатори,...

Continue reading

утринава најстудено на Попова Шапка

Утринава најстудено на Попова Шапка, -14 степени

Post Views: 9 Најстудено утринава било на Попова Шапка. Измерени се -14 степени. Потоа следуваат Маврови Анови, Kрушево со -10, -6 во Берово, -5 во Крива Паланка и Претор, -4 во Охрид, Битола, Прилеп, Тетово, Виница. -3 Скопје Петровец, Куманово, -2 Скопје Зајчев Рид, Штип, -1 Струмица, 0 Демир Капија, Дојран, 1 Гевгелија. Во Попова Шапка измерени се 72 сантиметри снег, по што следуваат Крушево 66 сантиметри, Маврови Анови 57 сантиметри, Ѓуриште 35 сантиметри, 26 сантиметри во Пожаране, 10 во Битола, 1 во Берово. Времето денеска променливо облачно и студено со умерен ветер, а вдолж...

Continue reading

Емшири 2022 Велгошти

Mаскенбал „Емшири 2022“ Велгошти

Post Views: 2 Денеска на големиот празник Велики поклади – Прочка, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков присуствуваше на традиционалниот маскенбал во Велгошти ,,Емшири 2022”. На дечињата им доделивме симболични пакетчиња обезбедени од Месната Заедница со поддршка од Општина Охрид. Децата ги покажаа своите интересни кореографии со кои симболично повикаа на мир, љубов, разбирање и весело детство – напиша Пецаков на фејсбук. Како и претходните години, така и оваа година, на маскенбалот „Емшири 2022“ можеа да се видат голем број креативно изработени маски....

Continue reading

vlada na R.Makedonija

Македонија има резерви на нафтени деривати и жито

Post Views: 16 Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, соопштуваат од Владата. Владата апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите, а потрошувачите да не чекаат во колони на бензинските пумпи и да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини. Дополнително,...

Continue reading

harkov_napad

Бебето од Харков тргна за Македонија

Post Views: 6 Бебето  старо само неколку дена, што беше  заглавено со своите родители во Харков, каде во моментов се водат најголемите борби, тргна на пат за дома. Мајката за Телма потврди дека се приклучиле на конвојот што треба да ги изнесе од Украина. Семејството не можело да го послуша повикот на МНР да се извлечат од Украина пред инвазијата, затоа што чекале термин за породување. Бебето се родило само два дена пред почетокот на нападите. Евакуација чекаат уште 50 наши државјани, од кои 20 се во Киев, а останатите се во други градови. Од МНР им порачуваат на нашите државјани дека...

Continue reading

Во Владата денес почнува дијалог за зголемување на пензиите

Post Views: 11 Во Владата денес ќе се одржи состанок со здруженијата на пензионери на кој ќе се разговара за барањето за зголемување на пензиите. Состанокот ќе почне во 13:30 часот, а на него ќе присуствуваат вицепремиерот за економски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, како и претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери. Со овој состанок се означува почеток на дијалогот за предлог новата методологија за покачување на пензиите – велат од Владата.

Continue reading

Откриени 60 неисправни возила со кои се врши јавен превоз низ Македонија

Post Views: 9 Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска биле откриени 60 неисправни возила со кои се врши јавен превоз низ Македонија. Контролите се извршени во рамки на оперативната акција „Дозвола“, а неисправните возила се исклучени од сообраќај. Контролирани се 576 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз, а неисправност е утврдена кај 60 возила. Од нив 21 на територија на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Штип, девет на територија на СВР Струмица, осум на територија на СВР Скопје. Од овие 60 возила, кај 42 е утврден неисправен уред за запирање, кај пет...

Continue reading

minimalna_plata

Минималната плата ќе се зголеми на 18 илјади денари

Post Views: 1 Минималната плата ќе се зголеми минимум на 18 илјади денари во вториот квартал на 2022 година. Ова денес го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Бирото за метрологија. Инаку претходно, Сојузот на синдикати на Македонија соопшти дека на 24-ти јануари ќе одржи средба со Владата и на неа ќе се разговара за барањата на Синдикатот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, утврдување на правото на регрес во јавниот сектор и за примената на законските одредби...

Continue reading

Санкт Петербург – Скопје

Денеска стартува летот Санкт Петербург – Скопје

Post Views: 15 Со летот што треба да пристигне денеска во 13:35 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, руската авиокомпанија „Нордвинд Ерлајнс” ја стартува новата авиолинија Санкт Петербург – Скопје. Како што соопшти компанијата, летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник. По повод воспоставувањето на новата линија, на аеродромската платформа ќе обратат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и претставникот на Нордвинд, Ибрахим Јилдиз. На 4-ти јуни годинава „Нордвинд Ерлајнс” почна со директни летови Москва...

Continue reading

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале 12.062 македонски граѓани

Post Views: 0 Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 774.422 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.955 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.062 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.465.229 дози вакцини, а ревакцинирани се 690.806 граѓани. Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните...

Continue reading

ДИК

Истекува рокот за потврдување на кандидати за градоначалници и советници

Post Views: 8 Денеска истекува рокот до кој општинските изборни комисии (ОИК) официјално треба да ги потврдат сите листи на кандидати за градоначалници и членови на општинските совети и Советот на Град Скопје. Tака потврдените листи ОИК ги доставуваат до Државната изборна комисија (ДИК), која најдоцна до 23 септември треба да изврши жребување за нивниот редослед на гласачките ливчиња. Кандидатите за градоначалници и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. По извршениот жреб потврдените кандидатски листите ќе бидат објавени на веб...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top